Опозиционерот Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, поради лични негодувања, очигледно решиле да ја држат во заложништво европската иднина на државата. Тој со својот став „не ги поддржуваме уставните измени под бугарскиот диктат“ – никако не го оправдува одбивањето да ги поддржи уставните измени, бидејќи не дава друга алтернатива, за разлика од онаа што ја нуди владата и меѓународната заедница за решавање на спорот со Бугарија и непречено Северна Македонија да оди на патот кон ЕУ.
Барањето на Мицкоски само за да се разговара за предвремени парламентарни избори е не логично и неиздржливо, сметат политичките аналитичари, бидејќи, како што велат, државата има проблем кој и стои на патот кон е ЕУ, а тоа е опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според, политикологот Иво Ранѓеловиќ зголемувањето на притисокот од меѓународната заедница ќе ја натера опозицијата да преземе конкретни чекори.
– Во случајов сметам дека лидерската средба е единствен начин преку кој Мицкоски може да издејствува нешто (било тоа и избори), но клучен ќе биде влогот токму од Мицкоски на евентуална средба. Во минатото тоа беше хрватскиот модел или одложено дејство, но јасно е дека без некаква понуда опозицијата нема да добие избори. Ако се земе предвид хипотезата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и формира влада, притоа таа влада би имала обврска да ги спроведе уставните измени, токму сега е моментот за сегашната опозиција да понуди влог со кој би се оградиле од обврската тие да ги спроведат уставните измени како идна влада, изјави Ранѓеловиќ за „Фронтлајн“.
Од друга страна, новинарот Ацо Кабранов вели дека нелогично е барањето на опозиционерот Христијан Мицкокоски за лидерска средба. Тој прашува: Со кое лице Мицкоски ќе седне на маса на лидерска средба со лица кои секој ден ги нарекува „измеќари на ДУИ“.
– Мицкоски бара лидерска онака колку нешто да рече, да не му биде изјавата само тоа неговотот – избори час поскоро, иако и лидерската му е за договор за избори. Искрено не ми е јасен како мисли да седне на маса на лидерска средба со лица за кои секој ден во изјавите не пропушта да ги нарече криминалци и лопови, неспособни, лажговци и после е спремен да седне очи во очи со тие што ги вика криминалци. Ковачевски го вика измеќар на ДУИ. Мислам дека фолира со барањето за лидерска средба бидејќи знае дека ако се сретне треба да се договараат за уставните измени, а не за тие негови предвремени парламентарни избори, вели Кабранов за „Фронтрлајн“.
Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.
Од прес-службата на Стејт департментот порачаа дека заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија.
– Ескобар патува во Северна Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан, изјавија од прес-службата на Стејт департментот.
Дестан Јонузи