Активистот Ацо Лукароски во објава на Фејсбук, реагира за експресно демантираните обвинувања што потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски и портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ ги упатија кон Фронтлајн и уредникот Џабир Дерала.
„Александар Николоски ги обвинува Џабир Дерала, Цивил мк и Фронтлајн дека шират лажни вести.
А, бе, уште нив не успеавте да ги купите.
И која перверзија е за лажни вести да обвинува некој којшто токму за лажни вести беше демантиран и од ЕУ и од ООН. Којшто за лажни вести беше демантиран и од амбасадите на Чешка и Словачка. И којшто за ширење лажни вести има дури и судска пресуда!“, наведува Лукароски во реакцијата.
Фронтлајн најостро ја демантираше и осуди оркестрираната лажна вест дека редакцијата го спонзорирала или дека има каква било поврзаност со видео во кое Александар Николовски е изваден од контекст.
„Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна. Ова е обид да се урне нашиот углед и кредибилитет, а клеветите ги отфрламе целосно и со индигнација“, се наведува во демантот.
Џабир Дерала во утринското ESPRESSO, нагласи дека „овие ликови и групации се смешни и гротескни самите по себе“.
„Нема зошто да се манипулира со видео снимки од нивните јавни настапи, за да се убеди јавноста дека се антизападно ориентирани, дека го блокираат македонскиот пат кон ЕУ, како што го блокираа патот до членство во НАТО, враќањето на правдата и владеењето на правото.
Јавноста знае кои се. Секој ден се занимаваат со производство на лаги, манипулации и омраза. Тоа им е работа“, пишува Дерала.
Ј. Ѓ.
Поврзано: