ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски од Блед: Членството во ЕУ до 2030 година е остварлива цел, Северна Македонија носи тешки и храбри одлуки

August 28, 2023 17:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Бледскиот стратешки форум што се одржува во Словенија, денеска учествуваше на лидерскиот панел, насловен како „Солидарност за глобална безбедност“, осврнувајќи се на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и анализирајќи го периодот од 2003 година кога нашата држава првпат беше ставена на агендата за проширување на ЕУ, при што нагласи дека граѓаните во Северна Македонија се оптимисти веќе 20 години.

Тој истакна дека дека и по две децении, дури 80% од граѓаните на Северна Македонија се за членство на земјата во ЕУи изрази очекување принципите на проширувањето на ЕУ да се темелат врз вредностите на Унијата, како и политичка и економска соработка меѓу земјите, а не да се користи домашната политика на меѓународната сцена.

Овие блокади доаѓаат од земји членки на ЕУ во бранови, коишто се користат главно за нивната домашна политика, а не за меѓународната сцена. Токму затоа, охрабрен сум од ваква јавна изјава која првпат ја даде претседателот Мишел, дека ЕУ треба и ќе ја валидира својата добронамерност и волја за проширување. Зошто? Затоа што сега зборуваме за проширување не само во ЕУ, туку ова е клучниот збор и во НАТО. Знаете дека ние бевме најмлада членка на НАТО, веќе не сме, сега е Финска. Ако повлечам паралела колку сме добри како земји, тогаш како членки на НАТО докажавме дека сме добри партнери. Се покажавме како многу активни партнери во НАТО и досега не гледам проблеми во рамки на функционирањето на НАТО каде Албанија, Северна Македонија и Црна Гора се земји членки“, рече премиерот Ковачевски на лидерскиот панел.

Премиерот ја истакна заложбата на Владата на Северна Македонија во реформскиот процес на земјата. Тој верува дека ЕУ ќе вложи напори проширувањето во 2030 година да биде реалност и дека ќе дадеме сè за да се реформира македонското општество по европски стандарди.

Уверен сум дека Северна Македонија покажа оти може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излеговме како посилна земја. Од старите земји кандидатки, сме најдобри во многу аспекти во смисла на имлементирањето на европското законодавство, микро финансиската стабилност што е докажано од ЕУ и инструментите на ЕУ. Затоа велам дека 2030 е остварлива како цел, истакна Ковачевски.

Членството во ЕУ, како што додаде премиерот, е единствената алтернатива за земјите од Западен Балкан, затоа што нивните економии се поврзани.

Имав можност да ги видам моите Македонци кои живеат и работат во Копер, но исто така забележав кога одите долж ривиерата како да се наоѓате во БиХ, затоа што сите келнери доаѓаат од БиХ. Зошто? За повисоки плати. И кога ги прашувам како ви е, тогаш велат не може полошо, затоа што работиме на 50 степени на сонце, на терасите. Потоа видов неколку македонски студенти кои работат во кафетериите, знаете што ми кажаа – „Ве молиме направете се, да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја на ЕУ, но дома, не овде во Словенија“, истакна Ковачевски.

На лидерскиот панел во Блед, Словенија, покрај премиерот Ковачевски учествуваа премиерите на Албанија Еди Рама, на Србија Ана Брнабиќ, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Г. Т.

Tags: Бледски стратешки форумЕУКовачевски
Next Post

Четири членки на НАТО ќе ги затворат своите граници со Белорусија во случај на „критичен инцидент“

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk