ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Десничарите градат гласачи како хиените што го чекаат остатокот од пленот

Кокетирањето и популистичкото блебетање за црни сценарија и загрозеност на националниот или географскиот идентитет секогаш беа идеален лајтмотив и на нашата мејнстрим десница. Подготвени на сѐ, само да стигнат до власт, демнат и ги чекаат „остатоците и продуктите“ што се тешко сварливи и ги расфрлаат на сите страни, залиени со прегореното канцерогено масло.

August 31, 2023 12:46
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ана Василевска

Ана Василевска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Основата на секоја вешто приготвена манџа е иста – масло, домат, пиперка и кромид. Зависно од потребниот вкус таа може да се збогати со месо, со тиквички, компир или ориз. Сеедно. Метафората на еден оброк со политичката агенда што ја приготвуваат партиите е само вовед да се илустрираат некои разлики меѓу идеологиите чија крајна цел е секако, некој т.е. народот да го проголта зготвеното.

Тоа што прави апсолутна разлика во креирање на политичкиот оброк наменет за гласачите е дали за основата се користат расположливите свежи „намирници“ или се користи отпадот, како семки, лушпи и, најважно од сѐ, повеќепати прегорено масло. А за екстремната десница секогаш е атрактивен „отпадот“,  тоа што потешко се голта и најмногу од сѐ, тоа што останува како „лесно расиплива храна“.

И тоа е најлесно, како што хиените ги чекаат отпадоците што ќе останат од пленот на лавот. Не треба воопшто да вложуваат напор, не се изложени на ризик, и крајната цел е да се наситат, да направат штета и да опстанат како вид.

Отпадот, односно деликатната храна секогаш и лесно гори, па така тие лесно и брзо доаѓаат до гладните и незадоволни гласачи, кои ги понесува револтот и не размислуваат за понудата, туку единство инстантно го потхрануваат гневот, а инстинктите им се разгоруваат во краткотрајна екстаза со можноста за осуда кон проблемите.

Ова опасно доближување до нацистички наративи како оние на Путин, ја донесоа и новата војна на европско тло. А војната е идеална атмосфера за опстанок на диктаторите: вистината е мртва, моралот го нема, а одговорноста е сведена на нула.

Основата на рецептот на десничарските хиени со нијансирани разлики е секаде ист: Национализам, морализирање околу правата на ЛГБТ+ заедницата, семејни вредности, етнички разлики, опасност од мигранти. Тој е применлив насекаде низ Европа, па оттаму и брзорастечката популарност на десницата и фашистичките логики. Италија, Шведска, Франција, па не може да одолее и една ултра либерална и демократска Португалија. 

И за волја на вистината, нивните кујни се секогаш сместени во најрепрезентативни објекти во центар на метрополите, како палатата во Белград на Српската радикална странка, и Белата палата на најбогатата партија во Европа, во центарот на Скопје. Оваа матрица на заплашување и готвење во грандиозни објекти за да си дадат на важност и големина пред народот е огледало на хитлеровата логика. Денес, за среќа, овие објекти и штабови на нацизмот во Берлин се пренаменети во најразлични културни центри и ставени на располагање на граѓаните.

Но, духовите на фашизмот не мируваат.

Ова воопшто не е чудно, особено ако се земе во предвид „отпадот“ што се насобра по пандемијата од Ковид 19 и економската рецесија од која никој не остана поштеден. Сѐ е на тацна, за лесно сервирање на фашизмот.

Кокетирањето и популистичкото блебетање за црни сценарија и загрозеност на националниот или географскиот идентитет, секогаш беа идеален лајтмотив и на нашата мејнстрим десница. Подготвени на сѐ, само да стигнат до власт, демнат и ги чекаат „остатоците и продуктите“ што се тешко сварливи и ги расфрлаат на сите страни, залиени со прегореното канцерогено масло.

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ КАКО НАРАЧАН „ЗАЧИН“ ЗА ТОКСИЧНОТО МЕНИ НА ДЕСНИЧАРИТЕ

Измените со уставните амандмани, кои се услов за преговарачкиот процес на С. Македонија со Европската унија, им дојдоа како посакуван „зачин“ во токсичното мени.

Очекувано беше дека ќе се изнаслушаме за „крадење на историјата и идентитетот“ за „опасноста од бугарска асимилација“ за „политичари што ја продаваат државата“, за „медиумски тајкуни“, „за албански заговор“, за „Албанци што не плаќаат сметки“ за „чесни каури и нечесни муслимани“, за „северџански лични документи“. На помош секогаш како десна рака на десницата се вклучи и МПЦ па „семејните вредности“ ги бутка на нос, додека тие ја шират смрдеата.

Крај нема на „списокот за пазарење“ што го пишува нашата десница за да готви отровни чинии за гладниот народ. Разбирливо, освен „гозбата за својот народ“ тие ќе понудат и украси во „ресторанот“ како  враќање на купиштата скапа бронза во облик на „Ќосето“ и слични „чисти Македонци“ и секако патриотски музички караван за полесно варење на „национал менито“.

Но, во оваа веќе многу пати видена десничарска еуфорија, и порано, и сега, нема разумна понуда за решенија кои се ефективни и кои би можеле да детерминираат поинаков политички пат. Важни им е да го фрлат овој „фастфуд“ со „празни калории“, а по зграбување на власта, да си ја продолжат лешперската агенда на заплашување, недемократски институции, апсолутизам и да создаваат привид за „чиста држава“ со морален народ што осудува сѐ што не е „македонско“, сѐ што не е „конвенционално “, и најмногу од сѐ, да осуди сѐ што не е „вмровско“.

Дали демократски ќе ја преземеме обврската да останеме на европскиот пат кој е единствена насока за во иднина да си обезбедиме „стандардизирана и сертифицирана храна“ или ќе ризикуваме да бидеме задоволни со „лесно расипливи продукти “, ќе зависи од сите нас.

Во првиот случај, ќе биде потребна одговорност и напор, за вториов е доволна мрзеливоста и омразата.

Извор: Нова ТВ


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУнационализамопозицијауставни изменицрни сценарија
Next Post
Бранко Тричковски

Без воодушевување и индигнација

НАЈНОВО

Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска Давкова: Очекувам мирна изборна атмосфера, од кампањата не може да направам разлика за какви избори се работи

October 15, 2025
Фото: МИА

Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија

October 15, 2025

Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за консензусот во ЕУ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk