ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Извештајот од германските експерти за воведување уставна жалба во С. Македонија ќе се промовира на регионална конференција во ноември

August 31, 2023 11:12
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска остварила онлајн средба со претставници на германската фондација за правна соработка (ИРЗ) на чело со Штефан Пирнер, раководител на проектна област, експерти за уставно право од Сојузна Република Германија и претставници на амбасадата на СР Германија во Република Северна Македонија.

На оваа работна средба, соопштија од Уставниот суд, претставниците на ИРЗ ги презентирале досегашните активности од проектот што се спроведува со цел промоција на уставната жалба како средство за заштита на слободите и правата на граѓаните во Република Северна Македонија.

Претставниците од ИРЗ, се наведува во соопштението, информирале дека завршниот извештај со наслов „Сеопфатна и ефикасна уставна жалба како средство за зголемување на правната заштита на граѓаните“ е изготвен во нацрт-верзија, а конечната верзија ќе биде претставена на регионална конференција што треба да се одржи на крајот од ноември оваа година во заедничка организација на Уставниот суд и ИРЗ.

– Заедничка констатација беше дека еден ваков регионален настан ќе биде од огромно значење и важност со оглед на тоа дека претставува можност за промоција на воведувањето на уставната жалба во Република Северна Македонија. Исто така, овој настан ќе биде одлична можност за претставници од уставни судови од други држави, професори по уставно право, претставници од граѓанскиот сектор да ги изнесат своите ставови во врска со воведувањето и значењето на уставната жалба, информираат од Уставен.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска го нагласила значењето на целокупната досегашна соработка со фондацијата, а особено сегашниот ангажман во делот на промоција на воведувањето на уставната жалба во Република Северна Македонија.

Таа изнела ставови и информации по однос на можните идни нормативни решенија кои би го замениле постојниот Деловник на Уставниот суд донесен во 1992 година и како да се уреди постапката за заштита на слободите и правата пред Судот.

Tags: КацарскаС. МакедонијаУставна жалба
Next Post
Дуња Иванова

Интервју со Дуња Иванова: Музиката е светот во кој припаѓам, но пишувањето и спортот ја обликуваат мојата стварност

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk