ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рама: Заканите за блокада на ЕУ интеграцијата на Албанија не е во согласност со правото на земјата да ги спроведува законите

August 31, 2023 12:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Белерис е државјанин на Република Албанија и мора да биде еднаков пред законот со секој друг албански граѓанин, да одговара како и сите други, вели албанскиот премиер Еди Рама во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ за случајот со притворениот градоначалник на Химара, а говори и за пораките од Грција во однос на ЕУ перспективата на Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот на Албанија објаснува дека според него, „не е европски и е многу застарено“, ако Грција смета дека топката е кај Тирана во однос на европскиот пат на земјата и дека „ако топката не оди во насоката што ја сака Атина, ќе ѝ се одмазди на Албанија со попречување на процесот на пристапување во ЕУ“.

-Закани за блокирање на понатамошниот напредок кон целосна интеграција во ЕУ, во момент кога Владата нема законска можност да му даде дозвола на затвореник да положи заклетва е во целосна спротивност и со сувереното право на Албанија да го остварува и применува своето европско законодавство на територијата на земјата и дури и со европскиот соживот меѓу земји кои се демократски, кои припаѓаат на исто семејство на вредности каде што една земја не може под никакви околности да му диктира на другиот како треба да постапи во одреден случај и што треба да направи едниот или другиот за да го спроведе законот во својата земја, истакна Рама.

Во интервјуто за државната телевизија објасни дека силно верува во пријателството, стратешкото партнерство и големиот заеднички интерес на Албанија и Грција и дека ова пријателство треба што е можно повеќе да се зајакне.

-Исто така, верувам дека грчкото малцинство во Албанија е богатство за културата на нашиот соживот и незаменлив мост за негување и зајакнување на пријателството меѓу двата народа, меѓу двете држави и влади, независно од тоа кој е на власт во Тирана и Атина, порача Рама.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АлбанијаЕУРама

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk