Очекуваме на самитот во Гранада да се зацртаат практично целите на процесот на проширување, 2030 да се потврди со политички заклучок на телата на ЕУ како политичка цел за ново зачленување, да се направи одприлика таа листа на држави коишто ќе целат кон членство во 2030, изјави вицепремиерот за еворопски прашања Бојан Маричиќ во вестите на Алсат.
Тој додаде дека очекува да биде зацртан и планот за развој на Западен Балкан од претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, кој ќе опфаќа повеќе можности за државите од регионот и државите кандидатки како да пристапат на внатрешниот пазар порано од членството.
Вицепремиерот Маричиќ истакна дека сега е времето за носење одлуки и важно е да го фатиме овој пакет што се подготвува за да може Северна Македонија да стане членка на ЕУ при следното проширување во 2030 година.
Ние ќе ги употребиме сите наши сили да ја убедиме опозицијата и како политичка партија , но и поединци да дадат поддршка на овие уставни измени затоа што цената ќе биде многу голема од заблудата дека можеме да добиеме подобар договор и дека ни се исплати да чекаме, истакна Маричиќ.