ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ со осуда на криминалот и на политичкото профитерство во случајот „Онкологија“

September 5, 2023 12:23
in PMD, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, внимателно и со крајна загриженост го следи случајот „Онкологија“ кој го отворија истражувачките новинарки во „Фокус“ и „Слободен печат“. Во случајот постојат силни индиции за криминал и корупција со кој директно се загрозуваат здравјето и животот на пациентите, кои се основни човекови права“, се наведува во соопштението од Цивил.

Врз основа на обелоденетите сведоштва и факти, ЦИВИЛ изразува крајна осуда на криминалните активности насочени против здравјето и животот на луѓето.

„По обелоденувањето, случајот „Онкологија“ предизвика бурна реакција и осуда, како од јавноста, така и од политичкиот врв на државата. Истовремено, надлежните институции јавно ветија дека ќе спроведат целосна истрага на случајот, а престапниците ќе ги изведат пред лицето на правдата.

Со оглед на индициите дека овој криминал се случувал многу долго време, ЦИВИЛ смета дека реакцијата е задоцнета, но во секој случај добредојдена ќе биде транспарентна и темелна истрага и најстроги законски санкции против сторителите.

ЦИВИЛ нагласува дека во криминални активности од овој вид и размер, не е возможно да се вклучени само вработени во клиниката. Виновниците и олеснувачите на криминалот мора да се бараат во раководните структури и во други сектори што ги овозможувале, помагале или спроведувале криминалните активности.

Осуда заслужуваат и политичките партии, групи и поединци кои во овој случај видоа можност за политички профит со ширење говор на омраза, дезинформации, и националистички и антизападни пораки. Со тие постапки се врши целосна злоупотреба на оправданиот револт на граѓанките и граѓаните, за цели кои немаат врска со грижата за правата, здравјето и животот на луѓето.

ЦИВИЛ со згрозеност ги следи постапките на политичките профитери и ги повикува граѓанките и граѓаните решително и со осуда да го отфрлат нечесниот обид да се злоупотреби несреќата на луѓето за политички цели“, нагласуваат од Цивил.

Tags: онкологијапротестЦИВИЛ
Next Post
Tupou Ceruzou

Смртта на Пригожин последна во серијата нерасчистени убиства во путиновата Русија, што е следно?

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk