ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Случај „Онкологија“: Левица и ВМРО-ДПМНЕ ги киднапираа тагата и револтот на граѓаните од грозниот коруптивен скандал

September 5, 2023 15:05
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Протестот за случајот „Онкологија“ почна да се злоупотребува уште пред да се одржи, за на крај да се узурпира и радикално манипулира добрата волја на граѓаните и граѓанките што протестираа цивилизирано, вели за „Фронтлјан“ долгогодишниот новинар и политички аналитичар Ацо Кабранов.

Ацо Кабранов
Ацо Кабранов

– Злоупотребата на протестот почна на социјалните мрежи уште пред да се одржи тој. Видни членови на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица го постираа на социјалните мрежи повикот за протест зачинети со нивните хускашки коментари. Разбирам дека работа на опозицијата е борба за власт и тоа е во ред, но не по секоја цена и за работа за која штотука почнала истрага за чиј исход и луѓето што правеле такви монструозни работи сите чекаме да ги слушнеме нивните имиња и одговорноста се разбира, вели Кабранов.

За недоличните и вулгарните пароли, Кабранов вика дека се под секое ниво и политичка култура.

– Од Апасиев ич не сум изненаден, што гордо носеше грда плаката. Впрочем јавноста и досега го видела неговото „културното однесување“. Професорската титула е едно, а воспитеноста е сосема друго, подвлече Кабранов.

Благојче Атансоски
Благојче Атансоски

Политикологот Благојче Атанасоски нагласи дека во изминатите триесет години на независност во македонската повеќепартиска историја,буквално секој граѓански автентичен протест беше узурпиран и злоупотребен од политичките партии за своја политичка цел – ќарување на ситни политички поени.

– Тоа ги угуши граѓанските протести. За еден од најголемите скандали во македонското здравство, најгрозоморен во историјата на Македонија во најмала рака е неумесно политичари и политички партии да го злоупотребуваат за својата политичка цел, за да дојдат на власт. Паролите со највулгарна и примитивна содржина, претставени од лидерот на нацифашистичката десноориентирана партија со лажно име „Левица“, не заслужуваат ни коментар, бидејќи се под секое цивилизациско ниво. За жал, одредена категорија на гласачи кај нас и тоа го сака и го бара, што е одраз и на политичката некултура на одредени наши сограѓани. Дотичниот лидер само свесно и наменски го злоупотребува гневот и бесот на граѓаните и на тој начин преку вакви „парол“, ја артикулира својата политичка амбиција. Уште посрамно е што самиот се фали дека младите биле негова најголема поддршка. Ако смета дека на тој начин треба да се артикулирааат политичките ставови на младите, тогаш се отвора работа и на психијатрите, изјави Атанасоски за „Фронтлајн“.

Политичкиот аналитичар и активист Џабир Дерала во својата денешна колумна пишува дека опозициските партии Левица и ВМРО ДПМНЕ ги киднапираа тагата и револтот на граѓанките и граѓаните од грозниот коруптивен скандал во Клиниката за Онкологија.

Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

– Така, неофашистите (т.н. левица), заедно со својата постара политичка сестра (вмродпмне) покажаа крајна дрскост и вулгарност и за свои, евтини цели, целосно ги киднапираа тагата и револтот на граѓанките и граѓаните од грозниот коруптивен скандал во Клиниката за Онкологија. Бесчувствително. Крајно бесчувствително, споменатите политички партии се впуштија во разулавен говор на омраза, откако ја загадија јавната комуникација со агресивни манипулации и дезинформации, пишува Дерала.

Најмногу од сѐ, пишува тој во својот коментар, киднаперите на протестот ги понижија и си поиграа со емоциите на граѓанките и граѓаните чиј револт е оправдан.

Наводите за злоупотреба на терапијата за рак на Клиниката за онкологија предизвика низа реакции од сите страни. Надлежните уверуваат дека се прибираат докази и се истражуваат наводите за сторени кривични дела, а граѓаните и пациентите вчера излегоа на протест пред Влада и пред Јавното обвинителство, барајќи одговорност од последните тројца министери за здравство.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Онгологијаопозицијапротест

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk