ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Целта ни е подобар живот на граѓаните – тоа е ЕУ, важна е поддршката од европските партнери за напредок

September 5, 2023 15:14
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска се одржа состанок со евроамбасадорот Дејвид Гир и шефовите на мисиите на ЕУ во земјава, на кој се разговараше на повеќе актуелни политички теми, со фокус на динамиката на процесот на преговори со Унијата и реформите, соопшти СЕП.

– Правиме напори да ја промениме атмосферата што владее кај опозицијата за уставните амандмани и ова е во овој момент од најголема важност за нас, момент од кој зависи следниот напредок и задржување на европскиот дискурс на државата, рече Маричиќ.

Тој додаде дека реформите се високо на агендата на Владата и дека веќе се дефинирани клучните и најитни приоритет кои ќе се испорачаат, без понатамошно одлагање, а се однесуваат на именувања на јавни функционери, нова нацрт Стратегија за реформа на јавната администрација (2023-2030) со Акцискиот план (2023-2026), како и Стратегијата за реформи во правосудниот сектор која е во завршна фаза.

– Со нетрпение очекуваме позитивни сигнали и охрабрување за вашите услуги, но и рационалниот пристап на земјите-членки на ЕУ е од исклучителна важност за Северна Македонија, рече Маричиќ изразувајќи очекување дека што поскоро ќе ги добиеме и скрининг извештаите за кластерите за кои е сме го завршиле скринингот, истакна Маричиќ.

Од страна на шефовите на мисиите на ЕУ е дадена поддршка за процесите кои ги води Северна Македонија и непоколебливиот пристап на Владата да направи нов напредок кон ЕУ, посочувајќи дека покрај уставните измени мора Владата да остани исто така фокусирана и на реформската агенда, за во наредните 7 години ги може успешно да ги заврши обврските и задачите кои ги има државата во текот на преговори со ЕУ, информираат од СЕП.

На состанокот вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ кратко ги брифираше за скрининг процесот, за кој кажа дека се одвива според планираниот календар и дека го цениме нацрт скрининг Извештајот за Кластерот „Фундаментални вредности“, кој даде насоки и беше добра основа за изработка на клучниот документ за отворање на Кластерот 1, Патоказот за владеењето на правото.

Вицепремиерот Маричиќ, кој на состанокот беше придружуван од државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, ги информираше амбасадорите на ЕУ и за текот на кампањата „Ние сме Европа“, посочувајќи дека е важна поддршката од европските партнери во овој клучен момент и ја искористи приликата да ги покани да земат активно учество во истата.

Tags: Бојан МаричиќДејвид ГирЕУ
Next Post

(ВИДЕО) Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт: Северна Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk