ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Втор протест пред Влада поради случајот со Клиниката за онкологија

September 11, 2023 19:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Протест поради случајот со Клиниката за онкологија се одржува вечерва пред Владата. Предвидено е учесниците на протестот да продолжат до „Рекорд“, па од плоштад „Македонија“, да стигнат до Основното јавно обвинителство во Скопје. Како што наведуваат организаторите, се бара „правда за жртвите“.

Даријан Петров, активист и театарски актер од Скопје изјави дека неговата мајка починала од канцер во 2020, а една година претходно се лекувала на Клиниката за онкологија.

Не би одел во детали за тоа што се случуваше таму, бидејќи би сакал говорот да го фокусирам на нешто друго. Иако низ годините како семејство и лично јас имав многу голема можност да ги замразам институции, нашата земја и едноставно да станам огорчен од нашиот систем, јас одбирам да ја искористам мојата болка во борба и креативност. Наоѓам смисла во активизмот и волонтирањето и тоа е нешто, што ме спаси од самодеструкција. Ве охрабрувам сите, да ја искористиме нашата болка која ја создадоа монструозните умови во нашата земја Македонија и да ја трансформираме во достоинствена борба за подобро утре, во критика на системот на секој можен начин, во градење здрава заедница, здрави вредности, соживот. На секоја неправда како оваа на Онкологија и на секоја неправда во иднина, мирно и достоинствено да кажеме жестоко не. Во земја која е на фрагилни нозе и на Планета која е во уште пофрагилна состојба, да изградиме вредност на почит на секој еден живот, без оглед на етничка позадина, социјален статус или каква било различност, истакна Петров.

А тоа, додаде тој, ќе го „започнеме со критика на системот, храброст, активирање и делување“.

Секој еден од нас е одговорен какво ќе биде општеството утре. Верувам дека со мотивација на нашите деца, внуци да размислуваат на овој начин, многу брзо ќе дојдеме до подобар квалитет на животот. Животот е некогаш страшен и тежок и да не дозволиме некои монструозни умови да ни го направат уште потежок. Не за неправдите на Онкологија, не за корумпираноста, не за сите идни неправди. Им го должиме ова на нашите предци, на нас и на следните генерации. Затоа ве повикувам масовните протести да станат норма за неправди како оваа. И овој говор го посветувам на мајка ми и сите ваши сакани, кои ја загубиле битката со ракот, додаде Петров.

Случајот со наводите за оваа клиника предизвика низа реакции во јавноста, по што следуваа протести. Надлежните најавија дека ќе бидат санкционирани сите оние за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. На случајот работат МВР и Обвинителството.

Јавното обвинителство соопшти дека ги презема сите дејства за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен лекарски и друг медицински персонал, а е најавено вклучување и на онколошки пациенти кои ќе имаат директен увид во целата постапка за случајот „Онкологија“.

Надлежниот јавен обвинител денеска бил телефонски контактиран од 10-тина граѓани кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката за случајот „Онкологија“, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејства.

Tags: Владаонкологијапротест
Next Post

Белата куќа ја повика Северна Кореја да не и дава оружје на Русија

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk