ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Со антикризните мерки повеќе приходи во тек на зимата за ранливите категории

September 12, 2023 12:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Со антикризните мерки што се подготвуваат се разговара да има повеќе приходи во текот на зимскиот период особено во семејствата со ранливи категории граѓани, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа најави дебата со релевантните чинители, граѓанскиот сектор и со стопанските комори, за потребите на граѓаните и на реалниот сектор.

-Ќе имаме нов пакет на антикризни мерки. Разговараме и во рамки на Владата и во рамки на министрите од економскиот ресор за се што треба да направивме за граѓаните особено во текот на зимскиот период што доаѓа и како да има повеќе приход особено во семејствата на ранливи категории на граѓани. Секако ќе отвориме дебата со релевантните институции, односно и со граѓанскиот сектор и со стопанските комори за она што треба и кај ранливите граѓани меѓутоа што му треба и на реалниот сектор, изјави Тренчевска, на новинарско прашање пред конференцијата „Фемицид во Северна Македонија и Западен Балкан – Меѓународни стандарди и пракса на судовите“, што се одржува денеска во Скопје.

По минатонеделната владина одлука за прераспределба на средства во Буџетот со која се предвидени финансии за антикризни мерки, како што истакна таа,  многу бргу во наредниот период ќе имаме предлози коишто ќе поминат на Влада.  Доколку е потребно, посочи, ќе се подготват и законски измени, со цел да спречиме поголема ранливост на граѓаните во пресрет на зимскиот период.

Mинистерот за финансии Фатмир Бесими минатата недела најави дека Владата набрзо ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки, за кои засега има 4,55 милијарди денари. Пакетот, како што најави, ќе биде во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите.

-Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки. Дополнително ќе се оди со таргетирање до крајот на годината, за поддршка на најранливите категории, изјави Бесими.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: антикризни меркиЈована Тренчевскаранливи категории граѓани

НАЈНОВО

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk