ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Евроинтеграциите главен приоритет за новиот албански министер за надворешни работи; Стејт департментот ги повика албанските власти на почитување на законите; Заедница на Албанците и во Прешевската долина

September 13, 2023 12:05
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот Министер на Албанија,  за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, рече дека главен приоритет на министерството и понатаму ќе бидат евроинтеграциите, а Американскиот Стејт департмент испрати уште една порака до албанските власти во врска со случајот со градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој останува во притвор, пишуваат албанските медиуми.

Американскиот професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ Даниел Сервер посочи дека, бидејќи реципроцитетот е првото правило на дипломатијата, дека Заедница слично како што се бара од Косово, треба да се побара и од Србија за Албанците во Прешевската долина, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се сите теми од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Ревиста- Новиот министер за надворешни работи на Албанија: Главен приоритет ќе бидат евроинтеграциите

„Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, официјално ја презеде функцијата откако напладне положи заклетва пред претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

Хасани, рече дека главен приоритет на МЕПЈ и понатаму ќе бидат евроинтеграциите, бидејќи истакна дека албанското претседавање со ОБСЕ и ангажманот во Советот за безбедност квалитативно ја зголемиле улогата на Албанија во меѓународната  арена“, пренесе Ревиста.

Балкан Веб – Стејт Департментот повторно реагира за случајот „Белери“: Очекуваме албанските власти да ги почитуваат законите во државата

Американскиот Стејт департмент испрати уште една порака до албанските власти во врска со случајот со градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој останува во притвор.

Според Стејт департментот, американската влада очекува да се почитува законот во случајот со Фреди Белери, пренесе Балкан Веб.

Газета Тема: Уставниот суд бара двојно повисоки плати од останатите во судството

„Предлог-законот што го подготви Министерството за правда, со предлог на самиот Уставен суд, предвидува платата на уставен судија да биде околу 644 илјади денари, додека на претседателот на овој суд околу 773 илјади. СИТЕ. Овој предлог-закон беше оспорен од некои членови на Комисијата како „нелогичен и неоснован“.“, пренесе Газета Тема.

КОСОВО

Газета Експрес: Уште една жртва е прифатена да биде дел од судскиот процес против Тачи и другите, вкупниот број достигнува 141

„Во Специјализираните совети на Косово во Хаг, во судскиот процес против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи, уште една жртва е прифатена да учествува во судскиот процес, каде што досега вкупниот број жртви во овој случај достигна 141.“, пренесе Газета Експрес.

Инфокус -Сервер: И од Србија треба да се побара Заедница на Албанците  во Прешевската долина

Американскиот професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ Даниел Сервер вели дека Заедница слично како што се бара од Косово, треба да се побара и од Србија за Албанците во Прешевската долина.

„Реципроцитетот е првото правило на дипломатијата“, вели Сервер, пренесува Инфокус.

КОЛУМНА

Инсајдери: Дали е „добро да бидеш Албанец“, само на стадион?

„Всушност, никогаш не ми се допаѓал фолклорниот патриотизам што се расплетува на скалите на стадионите, каде според комерцијалниот модел на Дигиталб се пее за „најубавото знаме на светот“, каде на непријателските земји им се пцујат сестри, дури и кога тие воопшто не се дел од неа, трката каде што се пее химна на етнички чиста конструкција, која постои само во соништата на малцинството албански национални екстремисти.“, пишува авторот Анди Бушати во колумната Дали е „добро да бидеш Албанец“, само на стадион?, објавена во Инсајдери.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

July 8, 2025

Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk