ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Единствена опција на Мицкоски е бескрајна блокада и предизвикување хаос

September 13, 2023 13:01
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Шефот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува крајно неразумно, исто колку што се неразумни наративите што ги создава партиската пропагандна кујна со години наназад. Сепак, пропагандата е толку интензивна, така што во јавноста се наметнува впечатокот дека земјата е во хаос, и дека институциите не функционираат и дека единствен спас за земјата е токму тој.

Уставните измени според кои во Уставот на Северна Македонија ќе бидат внесени и Бугарите како еден од 11-те народи наведени во Преамбулата, се услов за продолжување на процесот за интеграција во ЕУ. Овој процес е блокиран во Парламентот, а во јавноста, Мицкоски прави сè да го оцрни европскиот пат на Земјата.

Единствена опција на Мицкоски е бескрајна блокада и предизвикување хаос. Ако не му тргне од рака да предизвика хаос, тогаш тој се обидува сè да прикаже како хаос, црнила. Висока е веројатноста дека навистина верува во тоа што го кажува, барем делумно.

Што се однесува до капацитетот на Мицкоски, тој е ограничен на бескрајно негирање и уцени. Без план што потоа, тој ја турка земјата во бездната на неизвесноста. Нема идеја што ќе се случи ако ја преземе власта, нема ниту капацитет да ги води процесите. Тој нема знаења и вештини да ја зачлени земјата ниту во БРИКС, камоли нешто друго. Сепак, друго е прашањето, далеку позагрижувачко, за инсталациите што се околу него.

Околу врвот на вмро-дпмНЕ е инсталирана голема и скапа пропагандна машинерија, која со релативна леснотија ги дезавуира големите недостатоци на Мицкоски. Креаторите на пропагандните наративи секогаш спремно ги заменуваат неуспешните, со нови пораки, и тоа го прават со интензитет што е на завидно ниво. Во комбинација со структурите на кои има одговара блокада наместо прогрес и евроинтеграции, таа долготрајна операција бележи успех.

Еве еден пример за пропагандните наративи. Прво креиран називот „француски предлог“, а потоа и повеќепати омаловажена, искината и запалена европската преговарачката рамка за нашата земја. Блокадата и протестите се потпираат на пропагандната порака дека со преговарачката рамка ќе се уништи македонскиот идентитет и дека Македонците ќе се бугаризираат. Тоа тврдење, иако апсурдно, сепак, фати корен кај одреден број луѓе, но поголем дел од медиумите и јавноста брзо ја напуштија таа реторика.

Затоа, веднаш потоа се креира новата пропагандна порака „не прифаќаме бугарски диктат“. Колку и да е инфантилна и апсурдна, оваа пропагандна порака се одржува подолго време. Без оглед на тоа што во јавноста беа прикажани сите слабости на овој наратив, овој целосно неразумен став на Мицкоски и неговата партија опстанува. Поголем дел од медиумите во земјата, како и огромната војска партиски ботови упорно го промовираат ставот за „неприфаќање на бугарскиот диктат“. Земјата сè уште е блокирана и не може да го продолжи својот европски пат.

Исто така, се ѕвони на сите страни дека Мицкоски е способен да издејствува нова преговарачка рамка со ЕУ, иако од сите релевантни европски лидери и центри на моќта, вклучувајќи ги тука и САД, оваа наивна идеја е дисквалификувана како можност. Целосно.

За сето време, Мицкоски инсистира на предвремени избори, со изговор дека тој и неговата партија знаат што треба да се направи, но упорно не кажуваат што – бидејќи не знаат. Мицкоски, пак, го живее својот единствен сон – да биде премиер. Невозможно е да се оцени, освен можеби со длабока психоанализа, дали е свесен дека со предвремени избори нема да се постигне ништо или барем ништо добро за државата. Но тоа и онака никогаш не му била целта.

Паралелно со сите овие тврдења и ставови што се пласираат од партиските говорници и од телевизиските студија, сесрдно пренесувани од весниците и голем број интернет портали, се промовира – иако никогаш директно од Мицкоски – пропагандната порака дека постои алтернатива и дека иднината на земјата не е во Европска Унија, туку во БРИКС.

Националистичките наративи се константа во реториката на Мицкоски и сличните на него, а во текот на изминатата година, како што јакне европската поддршка за нашата земја, така и се засилуваат повиците за „покажување на Албанците каде им е местото“. Од „другата страна“ не изостануваат „соодветни“ одговори.

Инфантилно, неразумно и нелогично, а целосно деструктивно.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БРИКСЕУидентитетпропагандаХристијан МицкоскиЏабир Дерала

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk