ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Демократија, секс, „педери“ и дезинформации?!

September 15, 2023 14:27
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Ана Василевска

Ана Василевска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Користејќи ги најделикатните, родителски емоции, го вртат вниманието, пардон, водата на своја воденца-револтот на родителите да биде искористен за придобивање на симпатизери на „конзервативната“  десница и левица која ќе не спаси од „содома и гомора“.

Синоќешната паника и хистерија која се активираше на социјалните мрежи, предизвикана од споделувањето на извесни наставни ливчиња од прирачник кој е наменет за прифаќање на различна сексуална ориентација, спласна по деталниот новинарски текст на колешката Мери Јордановска.

Текстот кој јасно ја демантираше паранојата на родителите дека децата ќе им бидат наведени како што потенцираа „да се срамат од хетеросексуaлноста“, па отидоа до таму и дека преку образовниот систем се заговара популаризирање на хомосексуалноста, па и како што велат дека се промовира „изопаченост“, набрзо ги исплакна отровните зборови што експлодираа во коментарите.

Тоа што загрижува е дека, овие дезинформации за наставните ливчиња беа лансирани преку т.н родителско-образовни групи, кои се декларираат дека се наменети да ги мониторираат состојбите во образованието, грижата за децата итн. Но, случајно или не, не е прв пат од таму да се пласираат содржини и информации кои се извадени вон контекст, и имаат цел да поттикнат хаотична и неконструктивна критична маса која ќе почне да плука најчесто по „срамната демократија и европските вредности“ и невладините организации за човекови права што се „закана по моралот на нивните деца“.

Тие се бунтуваа и за интегрираните предмети и за дигиталните учебници и за он лајн наставата. Кога имаше он лајн настава, бараа настава со физичко присуство, кога пак наставата беше со физичко присуство, бараа он лајн. Бараа учебници, ама потоа бараа да се укинат бидејќи имаат грешки…Лажеа и дека се укинуваат предмети како историја и географија, дека наставниците ќе останат без работа. И така во недоглед, овие одважни генератори на фејсбук кои се сметаат себе си будни чувари на иднината на нашите деца, всушност оставаат впечаток, на добро спакувана обланда за ширење на омраза кога станува збор за се што е ново, секоја реформа во образованието и се што е поврзано со власта.

Во последниов случај, информацијата дотолку не ја провериле, што таа одекна како актуелна новина на Бирото за образование, за нивниот „шок“ да биде амортизиран по објавата на Санела Шкриељ дека овој прирачник за средно образование е објавен во 2011 година.

„За шокираните доктори од прирачник за образование за животни вештини и тие што го пренесуваат, еве да се дошокирате: Прирачникот за 7мо до 9то одд кој укажува како да се учат децата за различни сексуални ориентации е издаден во 2009 година. Слично и со тој што го споделувате сега за средно образование, во 2011год. Бидејќи спомнувате партии, влади, ете дошокирајте се после цела деценија“, напиша Санела Шкриељ.

Оттаму и сомнежот дека нивната „чесна мисија“ за борба за квалитетно образование и здрави генерации е можеби само инструиран мотив да се демнат „грешки“ кои подоцна ќе послужат за ширење страв од европеизација и демократски вредности кои бездруго се суштински наратив и идеолошка ориентација на актуелната власт. Користејќи ги најделикатните, родителски емоции, го вртат вниманието, пардон, водата на своја воденца-револтот на родителите да биде искористен за придобивање на симпатизери на „конзервативната десница и левица“ која ќе не спаси од „содома и гомора“.

Затоа особено омилена тема за создавање раздор им е секое спомнување на зборот секс, сексуална  ориентација, сексуално образование  и воопшто сите политики кои им помагаат на младите да бидат правилно информирани и одговорни за нивното сексуално и репродуктивно здравје.

Некаде прочитав и коментар „ни ги сексуализираат децата“ учејќи ги како да ставаат кондом“- Дали навистина некој смета дека ние се раѓаме асексуални па подоцна некој не сексуализира и дали кондомот е пострашен од несакана бременост и сексуално преносливи болести ?!

Настрана што овие теми се со децении затворени во либералниот свет и не се непознати ниту во поранешно-југословенското општествено уредување.

Нејсе, писменоста и образованието ни се генерално земено на исклучително ниско ниво, па лесната подводливост на оваа и на слични теми е неизбежна.

Одговорноста за оваа состојба, секако лежи во паушалниот образовен систем и наставни програми кои се креираат ад хок, без подготовка на наставниот кадар, со низок кадровски потенцијал во работните групи што ги изготвуваат методологиите, без добро информативно подготвено тло за имплементација на реформи. Но, време за чекање немаме многу. Грешки ќе се прават и истите ќе се отсрануваат.

Тоа што е важно во демократскиот правец и насоката да се негуваат фундаменталните човекови права, да се прифаќаат различностите, да се отстрани родово базираното или насилството поради сексуална оринатација, не треба да биде минирано со примитивизам и уште помалку со политичко поентирање.

Можноста да создадеме генерации на фрустрирани мразачи е далеку пострашна од можноста децата да бидат едуцирани на прашања од каква било сексуална природа.

И конечно „фобијата“ од европски вредности со која некои структури упорно сакаат да го инфицираат општеството, ќе им оди во прилог само на оние што кокетираат со конвенционалните семејни вредности за повисок политички дил. Малце „педерски“ нели?

Преземено: Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дезинформацииМОНРодителски групиСеопфатно сексуално образование
Next Post

Костадиновска Стојчевска за Меѓународниот ден на демократијата: Да ѝ дадеме сила на новата генерација!

НАЈНОВО

Оскарите

Холивудски икони без Оскар: Големите имиња што Академијата никогаш не ги награди

October 19, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Излезноста во Битола до 15 часот е 31,45%

October 19, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Комо му го нанесе првиот пораз на Јувентус во сезоната во Серија А

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk