ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Во моментот кога некој ќе каже дека имаме доволно демократија, таа е веќе загрозена

Демократијата е пат по кој секојдневно чекориме. Ако застанеме, таа исчезнува. Ако молчиме, како да ја немало никогаш.

September 16, 2023 08:12
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Светот по втор пат го одбележува Денот на демократијата (15 септември) по почетокот на бруталната руска агресија против Украина. Зошто е важен овој факт? Затоа што воената агресија против Украина не е само крволочен расистички напад на една мирољубива држава во Европа, туку претставува жесток атак и врз демократскиот поредок во светот. Ова е време кога разјареното зло се обидува да ја уништи човечноста и светот да го завие во страв, црнила и очај.

Го читам соопштението на ЦИВИЛ и реакциите по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември, кој го подготвија моите колешки и колеги (учествував малку и јас) и не можам да се оттргнам од впечатокот дека, колку што е очигледно дека демократијата во светот е навистина под жестока закана, толку луѓето се трудат силно да ги затворат очите, небаре ужасот ќе ги одмине, ако не го гледаат.

Многу е јасно дека луѓето што сакаат да живеат во демократија, во мир и просперитет, се во големо мнозинство, како кај нас, така и во светот. Но се чини дека забораваат – светот е во единство и дека злото брзо се шири и ги погодува сите, колку и да се далеку, колку и да мислат дека направиле доволно за да се заштитат себеси. Затоа сме солидарни со сите што се борат за демократија и со сите што се борат за својата слобода и мир.

За да има демократија, важно да се отворат ширум очите, и да се проговори против сето зло што го истураат диктаторските режими, нивните генерали и нивните медиумски лајтнанти. Колку и да се многубројни луѓето што сакаат да живеат во демократија, ако не им се спротивстават на диктаторите – злото ќе победи.

Демократијата е пат по кој секојдневно чекориме. Ако застанеме, таа исчезнува. Ако молчиме, како да ја немало никогаш. Не можете да кажете дека вчера имало демократија, па денеска можеме да одмориме. Ако не ја градиме, ако не чекориме кон неа, ако не ја браниме – настапува мрак.

Во мракот – демократијата умира, гласи официјалниот слоган на Вашингтон Пост (Democracy Dies in Darkness), упатувајќи на мракот што го создаваат центрите на моќта и авторитарните лидери со своите „алтернативни“ вистини, поточно – со дезинформациите, лажните наративи, говорот на омраза и со воспоставувањето на силни пропагандни машинерии кои им помагаат да владеат.

Демократија без човекови права и човекови права без демократија – не можат да се замислат. Сте ја прочитале ли Универзалната декларација за човековите права, барем еднаш? Замислете, тие права му припаѓаат на секој човек на светот, само затоа што се родил како човек.

Никогаш не можете да кажете – имаме доволно демократија – или – доволно се почитуваат човековите права. Такво нешто не постои. Во моментот кога некој ќе каже дека имаме доволно демократија, таа е веќе загрозена. Никогаш не е доволно демократија, бидејќи секогаш може да се направи нешто повеќе, секогаш може да се осмислат начини со кои ќе им се овозможат повеќе човекови права и слободи на луѓето.

И внимавајте, исто како што секогаш ќе има такви што демократијата и човековите права и слободи ќе ги злоупотребат, за да ги постигнат своите мрачни цели.


Текстот е личен став на Авторот.

CIVIL MEDIA

Tags: Вашингтон постдемократијазлоОНРуска агресијасолидарност
Next Post

Украинско разузнавање: Кадиров е во критична состојба, се наоѓа во кома

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk