ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски во Њујорк се обрати на Самитот за Целите за одржлив развој

September 18, 2023 19:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своето учество на Генералното Собрание на Обединетите Нации, денеска присуствуваше на отворањето на Политичкиот форум на високо ниво за одржлив развој под покровителство на Генералното Собрание и се обрати на лидерскиот дијалог „Зголемување на активностите на клучните транзиции за да се забрза напредокот на Целите за одржлив развој“.

Во своето обраќање Пендаровски истакнал дека со поддршка на агенциите на ОН и донаторска поддршка, постигнавме напредок во постигнувањето на Целите за одржлив развој и државата утврди три главни национални обврски: инвестирање во развивање на вештините за иднината како предуслов за економски раст, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија за поддршка на климатската акција и енергетската одржливост и усвојување на Националната развојна стратегија, која заедно со Рамката за развој МКД2030 треба да ги рационализира сите Цели за одржлив развој во македонското општество.

Акумулираните ризици и кризи на денешницата се само предзнак на иднината што го чека нашиот свет доколку навреме не ги спроведеме Целите за одржлив развој. Само со смели, амбициозни и праведни постапки можеме да избегнеме такво сценарио, изјави Пендаровски.

Северна Македонија, нагласил шефот на државата, ја усвои Рамката за соработка за одржлив развој 2021-2025 година, а со поддршка на агенциите на ОН и донаторска поддршка, постигнавме напредок во постигнувањето на Целите за одржлив развој и утврдивме три главни национални обврски.

За инвестирање во развивање на вештините за иднината како предуслов за економски раст, рекол Пендаровски, ни е потребно образование приспособено на потребите на пазарот на трудот, намалување на родовиот јаз во областите на СТЕМ и создавање работни места за младата, дигитална генерација.

Второ, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија за поддршка на климатската акција и енергетската одржливост согласно зајакнатите национално-определени придонеси, Националната стратегија за енергетски развој и Долгорочната стратегија за климатска акција. Трето, усвојување на Националната развојна стратегија, која заедно со Рамката за развој МКД2030 треба да ги рационализира сите Цели за одржлив развој во македонското општество преку градење консензус кој ги надминува етничките, верските, генерациските и политичките разлики, потенцирал шефот на државата.

Пендаровски нагласил дека доброто владеење, владеењето на правото и антикорупцијата се клучни за оваа цел.

Според него, со исполнување на овие заложби ќе постигнеме три цели.

Прво, ќе придонесеме за побезбедна и поодржлива планета. Второ, ќе спроведеме 70 проценти од критериумите за членство во Европската Унија. Нашата европска иднина, рекол, во суштина е заснована на одржлив развој. И трето, оценил претседателот Пендаровски, ќе се справиме со нашиот најитен предизвик – масовното иселување на младите луѓе. Успехот на нашите заложби за Целите за одржлив развој за создавање праведно, инклузивно и издржливо општество ќе се мери со подготвеноста на нашите млади луѓе да ја замислат својата иднина во својата татковина.

Не смееме да си дозволиме да чекаме поповолни услови за спроведување на Целите за одржлив развој. И нема да чекаме! Мора да го направиме – во името на сегашните и идните генерации, е пораката што ја упатил претседателот Стево Пендаровски.

Tags: ЊујоркобраќањеПендаровскиСамит за Целите за одржлив развој
Next Post

Свечља: Заеднички гранични премини меѓу Косово и Северна Македонија, само една пасошка контрола

EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk