ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зеленски во ОН: Русија ги киднапира нашите деца и ги учи да ја мразат Украина

September 19, 2023 21:43
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на годишната сесија на Генералното собрание на ОН истакна дека „20. век не научи да не користиме оружје за масовно уништување, а исто така да промовираме нуклеарно разоружување“. Но, како што додаде, Русија се уште има нуклеарни ресурси и „нема право“ да го чува нуклеарното оружје.

Тој изјави и дека постојат договори против оружјето, но нема ограничувања за користење на храната како оружје.

„Од почетокот на војната, украинските пристаништа се блокирани од Русија. Нашите пристаништа на реката Дунав остануваат мети на проектили и беспилотни летала“, рече Зеленски, пренесува Би-Би-Си.

Тој посочи дека Русија ги користи резервите на храна за да изврши притисок врз другите земји да ја признаат анектирана украинска територија и им се заблагодари на земјите што купиле украинско жито за да го спречат тоа.

Украинскиот лидер се осврна и на прашањето за украинските деца кои се однесени во Русија.

Зеленски нагласи дека во минатото терористичките групи киднапирале деца, но во украинската војна киднапирањето и депортацијата на украинските деца во Русија е политика на владата на Путин, нешто што досега не било видено.

„Има десетици илјади деца за кои знаеме дека се киднапирани од Русија и се обидуваме да ги вратиме дома, но времето истекува. Што ќе биде со нив“, праша Зеленски.

Тој додаде дека „децата во Русија ги учат да ја мразат Украина и сите врски со нивните семејства се прекинати“.

„Ова е очигледно геноцид“, додаде Зеленски.

Тој зборуваше и за неговата „формула за мир“, за која смета дека ќе стави крај на војната во Украина.

Зеленски, исто така, рече дека се подготвува мировен самит на кој ќе се поканат присутните да учествуваат на него откако ќе биде потврден терминот.

Тој нагласи дека за единството треба да се разговара отворено, а не зад затворени врати.

„Не може да му се верува на злото, само прашајте го Пригожин“, рече украинскиот претседател, алудирајќи на поранешниот шеф на приватната паравоена група Вагнер, кој му се спротивстави на Путин и загина во авионска несреќа.

Зеленски го заврши својот говор со надеж дека војната на Русија ќе биде последна во светот, со зборовите „Слава на Украина“, по што ја напушти говорницата.

Присутните во салата со половина минутен аплауз го поздравија неговиот говор.

Г. Т.

Tags: говордецаЗеленскикиднапирањенуклеарно оружјеОНРусијаУкраина
Next Post

ГТЦ, Дац и Александар најавуваат голема журка на 29 септември - Со љубов за Скопје

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk