ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски му објави „војна“ на Груевски, кој ќе победи скопското ВМРО или она од Будимпешта?

September 20, 2023 09:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Судирот меѓу актуелниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот претседател и премиер Никола Грувески, кој е во бегство во Будимпешта поради злоупотреба на службената функција и народни пари, ја разоткри вистинската намера зошто Мицкоски е против уставните измени. Неговото противање нема никаква врска со заштита на интересот на граѓаните, туку едноставно е битка за политички придобивки.

По обвинувањата на Христијан Мицкоски дека Груевски е во тајна комуникација со Владата за да издејствува уставни измени, реагираше oд Будимпешта и бегалецот од правдата – екс-претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:
– 1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.
Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка, напиша Груевски на Фејсбук.

Од ВМРО-ДПМНЕ не сакат дополнително да коментира по изјавата на Мицкоски дека Груевски комуницира со Владата.

Од владејачката СДСМ, соопштија дека лажни и неосновани се обвинувањата коишто доаѓаат од ДПМНЕ, партијата којашто масовно ги прислушуваше граѓаните, ги кршеше нивните основни човекови права.

– Ниту некој ги следи претставниците на ДПМНЕ ниту пак постои нелегално следење на комуникациите, тоа заврши со рушење на режимот. Од партијата на Груевски ови лажни обивнувања звучат апсолутно цинично и ја понижуваат интелигенција на граѓаните. Не е ни чудо што го блокираат патот кон Европа затоа што партијата која ги прекрши основните човекови права на толку многу граѓани се плаши од европското владеење на правото, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поранешниот министер од Владата на Никола Груевски, Никола Тодоров во интервју за Слободен печат на прашањето дали може да се каже дека Груевски сѐ уште има влијание не само меѓу вмровските поддржувачи, туку и кај дел од пратениците или меѓу раководството, вели дека тоа е нормално.

– Нормално е да има, затоа што долго време успешно ја водеше партијата и државата, па членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но и десно ориентираните гласачи сѐ повеќе со некаква носталгија гледаат на тоа време и го споредуваат тоа време со ова што го живеат денес. Знаете, гласачот секогаш споредува, како се живееше тогаш, како се живее сега, како функционираше државата тогаш, како функционира сега и врз основа на оваа индивидуализирана споредба, секој човек си носи свој суд за тоа кого треба да поддржи и во кој политичар има најголема доверба, вели Тодоров.

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски преку Фејсбук статус му порача на Христијан Мицкоски да отиде до Будимпешта по совет од Никола Груевски, а не да плаче по интервјуа за странски медиуми.

– Лидерот на опозицијата Мицкоски е соочен со фактот дека Никола Груевски не само што има висок рејтинг туку и неговата популарност постојано расте.

Иако сатанизиран, прогонуван, осудуван и приморан да бега и без било какви ресурси од Будимпешта повремено ќе се јави со некој напис има повисок рејтинг од овој кој ја има целата партиска инфраструктура, ПР служба и медиуми. Уплашен доколку Груевски во која било форма се појави на изборите дека тој (лично тој Мицкоски) нема да биде власт во Македонија јавно плаче во интервју на Франфуртер Алгемајне Цајтунг дека наводно владата имала комуникација со поранешниот премиер.

Што да ти кажам Христијан? Не е проблемот дали Владата комуницирала со него, клучно прашање за ВМРО ДПМНЕ и опозицијата е зошто ти не комуницираш со Груевски? Да беше паметен до сега од него ќе слушнеше некој умен совет и ќе дојдеше на власт, а не 7 години да седиме во опозиција. Наместо јавно да кукаш над судбината запали колата отиди до Будимпешта, пресрами се и побарај совет зошто се наоѓаш во ситуација во која незнаеш да најдеш излез и што би рекле Кумановци: „Пречаш као пиле у кучина. Убаво е на членството да му одговориш колку пати си бил во Будимпешта и колку пати си се сретнал со тој што те стави на престолот да седиш на чело на четирите свети букви, напиша Јакимовски.

За да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови, тврдел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг” кој објави подолга статија на добриот познавач на регионот, новинарот Михаел Мартенс, кој водел разговор со лидерот на ВМРО ДПМНЕ во врска со пристапот на земјата кон ЕУ.

– Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата. Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее. Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања, вели Мицкоски.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕНикола ГруевскиХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентите со нови тактики во трка со српската жандармерија, блокади низ цела Србија

July 4, 2025

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk