ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: УНЕСКО ја препозна нашата сериозна посветеност и Охридскиот Регион го задржа престижниот статус на исклучителна универзална вредност

September 21, 2023 14:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Министерство за Култура

Министерство за Култура

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Медија-центaрот во Владата одржа прес-конференција во врска со заклучоците од 45.сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 12 до 17 септември во Ријад, Саудиска Арабија, каде што беше соопштено дека Охридскиот Регион останува на листата на Светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност.

На прес-конференцијата беа присутни и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов.

Како што нагласи Костадиновска-Стојчевска, со оваа одлука Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ги уважи нашите напори, како и заедничките напори со Република Албанија, за зачувување на престижниот статус на Охридскиот Регион. Како што истакна министерката за култура, Комитетот го вреднуваше и фактот дека експертските тимови на двете држави заеднички изготвија Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план.

„Тоа е значаен чекор во детектирањето и справувањето со факторите кои имаат негативно влијание врз вредностите на Регионот. Изготвувањето на Стратегискиот план беше поздравено од Комитетот, со препорака заедно со Албанија да ги допрецизираме временската рамка за имплементација, буџетот и приоритетите на активностите од Стратегискиот план. Тоа значи дека со Република Албанија нè чека многу заедничка работа. Ние ги споделуваме природните убавини, но и одговорноста за Охридското Езеро“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа повтори пред новинарите дека Комитетот високо го вреднува донесувањето на Стратегискиот план заедно со Република Албанија како потврда за нашите искрени намери за зачувување на статусот и подготвеност за работа дома и за интензивна соработка со УНЕСКО.

„Престижниот статус останува, но остануваат и препораките за негово зачувување. Препораките не се лесни и нивното реализирање бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – и централната власт и локалната самоуправа и установите и граѓаните. Од нашата соработка ќе зависи имплементацијата на посочените мерки за рехабилитација на Регионот. Обврските се точно адресирани“, рече на денешната прес-конференција Костадиновска-Стојчевска.

Таа наведе некои од препораките кои, како што рече, дел  ги имаме почнато, но останува нивната целосна реализација. Костадиновска-Стојчевска додаде дека се работи и е во финална фаза прогласувањето на Студенчишко Блато за „парк на природата“, а на Охридското Езеро за „споменик на природата“. Меѓу другото, нагласи дека што поскоро мора да се изготват нови генерални урбанистички планови за Охрид и за Струга, а треба да продолжи адресирањето на проблемот со бесправните објекти и да се осигури дека оние што се отстранети нема да се обноват, но и дека нема да се појават нови нелегални градби.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека Реактивната мониторинг-мисија на Центарот за светско наследство на УНЕСКО и на советодавните тела во почетокот на следната година повторно ќе дојде за да ја оцени имплементацијата на препораките и на мерките за рехабилитација на Регионот.

„Експертските тимови ќе продолжат интензивно и координирано да работат и да дејствуваат во детектирањето и справувањето со факторите кои имаат негативно влијание врз природните особености и вредности на Охридскиот Регион“, рече министерката за култура, која информираше дека е во тек договарање состанок на прекуграничниот Комитет за управување со сливот на Охридското Езеро, на кој ќе бидат отворени и анализирани сите прашања што го засегаат заедничкото добро.

На прес-конференцијата, Костадиновска-Стојчевска се заблагодари на сите вклучени во процесот на зачувување на статусот на Охридскиот Регион – членовите на работните групи, експертите, министерствата, општините, граѓанскиот сектор – за, како што рече, професионалната и искрена соработка во изминатата година и пол.

„Благодарение и на таа соработка, Охридскиот Регион не беше тема на дискусија на сесијата на Комитетот за светско наследство во Ријад зашто е оценето дека вложуваме напори, дека сме свесни за опасностите и дека во државава има волја и интерес да се соочиме со нив. Иако полека се оддалечуваме од листата на Светско наследство во опасност, не смееме да го изумиме фактот дека само нашето непостапување по препораките ќе биде причина за впишување на Охридскиот Регион во загрозено светско природно и културно богатство. Ние сме само негови наследници. Едни од многуте пред нас и по нас. Важноста на Охридскиот Регион е немерлива и трајна“, додаде министерката за култура.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаОхридУНЕСКО

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

June 7, 2025

Владата отвори телефонски број за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани

June 7, 2025

Филипче од Прилеп: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk