ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски со „машинеријата“ што му ја остави Груевски го растури единството во ВМРО-ДПМНЕ

September 21, 2023 14:41
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter
Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

„Партиската машинерија што му ја оставив ја стави во функција против мене и за создавање раскол…“, вели Никола Груевски во одговорот до Христијан Мицкоски.

Малку од целото писмо што Никола Груевски му го испрати на Христијан Мицкоски беше објавено на мејнстрим медиумите, оние истите кои една деценија беа дел од таа машинерија за која говори Груевски. Оние кои беа добро платени да ја шират пропагандата на таа партија.

За прв пат Никола Груевски јавно признава постоење на „партиска машинерија“ што Мицкоски сега ја става во погон „во одбрана на неговите параноични, штетни и безсмислени чекори и политики“.

„Сето тоа може да му биде интересно до следните избори“, вели Груевски, „кога политиката на создавање непријатели ќе ја следи од канцеларијата и ќе му одработува ‘партиската машинерија’ која му ја оставив“.

Сега деловите на машинеријата му вртат грб и срамежливо, но сепак се ставаат во служба на сегашниот господар на партијата, надевајќи се или стравувајќи дека овој сегашниов допрва ќе биде власт, а тие ќе останат на „суво“.

Но што ако Никола Груевски навистина се врати! Каде ќе се сокријат сегашните поданици на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ!

Гледано од страна, внатрепартиската битка е нивна работа и ако сакаат нека си ја тераат до истребување, зашто во суштина и нема голема разлика во табиетот и начинот на владеење на двајцата лидери. Под ист бичим се правени. Имено вториот е излезен од главата на првиот, како Атина од Зевс. Но тоа не треба да е грижа за членството, ниедна партија не пропаднала поради еден човек, па дури тој да бил и лидер. Секогаш ќе се изроди некој нов, како многу пати досега.

И  кога сме веќе кај лидерството, интерсен е одговорот што Христијан Мицкоски му го упатува на својот претходник во Будимпешта кога вели „А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки“. Навистина иронично звучи ова кога е општо познато дека Мицкоски не е избран од народот, туку токму од Никола Груевски. Го избра, го стави на столче во „белата палата“ и му ја остави партијата (сосе машинеријата).

Кога веќе се зборува за тоа кој го нарушил единството во партијата, од досега очигледното, произлегува дека тоа го прави Христијан Мицкоски. „Ничим изазван“ тој му ја натовари вината на Груевски за веројатно да има оправдување за веќе постоечкото не единство околу уставните измени и европската перспектива на земјата.

Имено на Мицкоски му беше доволна причина „бувата“ што во јавноста ја пушти Али Ахмети, мастермајндот на македонската политичка сцена, за тајни преговори за враќање на Груевски, за да ја почне кампањата против Никола.

Од таму и револтот кај Груевски. Затоа во одговорот и му забележува на својот наследник дека „изнасилено си создаде нов противник наместо да се занимава со власта, која седма година не може да ја сруши“.

Според Груевски со ваков начн на водење на партијата Мицкоски нема да има добри изборни резултати кои, како што вели, „се очекувани од сите нас“, па затоа си создава алиби.

Провокациите од негова страна не се од вчера, вели Груевски, и веројатно мисли  на изјавата на Мицкоски дека „Секој што е бегалец од правдата треба да се соочи неа“ со што директно му порача дека ако се врати, тој (доколку биде на влкаст)- ќе го уапси.

Таа изјава сега навистина станува активна и добива на тежина. Ќе треба да се почека и да се види дали некогаш, кога Никола Груевски ќе се врати и ќе ја бакнува земјата Мицкоски ќе го чека со „марица“ или со „понадица“.

Преземено: Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Али АхметиНикола ГруевскиХристијан Мицкоски
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Буџетот за филм ниту е скратен ниту е допрен со ребалансот - имаат доволно средства за обврските, директорот да направи планови за исплати

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk