ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Неси се буди, ќе биде крволочна, ја слушам подземната вода

September 22, 2023 12:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

Не знам како да ви речам, бидејќи јас не сум политичар, а не би сакал ниту да ве лажам. О, не, тоа најмалку – не! Северна Македонија базди и корне од национализам. Тоа е таква беља која оваа земја сè уште не видела. Овдешната ситуација е гадна како што гадна беше 2015/2016 година, за време на Груевски. Ако не и уште по гадна!

Низ градовите во земјава никнува десна комитска милиција, таканаречени „Чувари на нашата чест“. А тие не сакаат ништо друго освен вашиот страв и вашите пари. Затоа реков: ситуацијата со овдешните националисти е катастрофална, дивјачка и забревтана. Јас не сум политичар, реков погоре, мене не ми требаат ничии туѓи пари, а уште помалку ми треба нечиј туѓ страв. Овде, на ова место, зборувам затоа што не сакам да ве лажам. Аветите на минатото, персонифицирани во денешните разјарени националистички бикови, се повикуваат на Германија од триесетите години. Прашање е на време кога националистите ќе почнат да толчат на малцинствата.

Македонските националистички медиуми удираат по Aлбанците, удираат по Бугарите… Удираат и ќе удираат на секое малцинство, за почеток на медиумите, а нема да помине долго време кога ќе почнат и во таканаречената „реалност“. Уште сега се слушаат гласови на апсења, притвори, чуда и лудила.

Сакам да верувам дека Американската и Бриселската администрација за ништо на светот не сака да ги види заедно сите националисти кои создаваат влада во оваа наша убава земја. Не сакам на крајот да разберам дека овој пасус што сега го (ис)пишувам е чиста утопија; оти обратно, дистопијата мора да биде убедлива, а не сум ниту Орвел, а уште помалку Хаксли.

Македонските националисти се како чудовишта од Лох Нес со име Неси: постојат луѓе кои тврдат дека ги виделе, ама сè уште нема опипливи докази за тоа. Лошата околност е дека во земјава не постои голем отпор против националистите. Постои само спонтано блебетање. Сè што ќе кажеме, сè што ќе напишеме, сè што ќе артикулираме во јавност дека ни е важно, тие на тоа ќе речат: мамичето ќе ви го плачеме. И тоа ќе биде сè, а вие видете што ќе направите.

Погледајте ја онаа идиотска преписка помеѓу Никола Груевски и Христијаn Мицкоски, преписка за која врие низ нашите таканаречени медиуми и социјални мрежи.

Класични штакори.

Овде времето го мерат штакорите. Ова време е по мерка на штакорите. А штакорите сакаат ѓубре, сакаат канализациа. И сакаат темни тунели.

И кај штакорите е исто како што е исто и кај луѓето. Ќе направиш партија, па ќе се завртиш против тие кои те подигнале. Па се храниш и ги глодаш луѓето кои до вчера беа твојот чопор. Чопорот, се разбира, го возвраќа ударот и почнува да се храни со тебе лично. Штакорот, наеднаш, станува средство за дератизација.

Штакорите за да преживеат, си ги јадат своите глодари. Ако штакорите пишуваа песни, ако пишуваа, велам, тешко дека тоа ќе се нарекуваше поезија. Ќе читавме за пустите канализации кои некогаш, во златните времиња – оти секое минато е златно минато (има гомно златна боја) – вриеше од живот, радост и благосостојба.

Кога ќе дојдат штакорите на сцена – и политиката ќе стане штакорска. Подземна, гадна, лажлива. Испресечена од тунели во кои се хранат штакори; гризат од мртвите, а скотовите со задоволство ги јадат, до Уставот, до законите, до суверенитетот и останатите замоци од бајките. Во конечноста, таму кај што мислевме дека застана она најважното, таму ќе останат штакорските гомненца.

Не знам многу, ама го знам ова: бајките на браќата Грим нè учеа дека светот е мрачно и опасно место, така барем мене ме учеа кога бев дете. Таквите бајки ги красеше точност и научно сознание, засновано на емпирија, оти светот, откако постои, ни пружа безброј докази дека треба да се чуваме. Во односот на нив, тоа што ние им го зборуваме на нашите деца се вистински бајки. Наместо на децата да им проповедаме каков навистина е светот, ние непрекинато им зборуваме каков би требало да биде. Притоа, не штедиме на фантазија и лаги.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГруевскиМицкоскиНЕНАД ЈОВАНОВИЌ

НАЈНОВО

Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

June 4, 2025
Мира Мурати. Фото: Скриншот

Мира Мурати: Од OpenAI до Thinking Machines Lab – нова етапа во развојот на вештачката интелигенција

June 4, 2025

Нухиу: Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатите на Ратко Младиќ бараат судот во Хаг итно да го ослободи бидејќи се ближи кон крајот на животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk