Косовската полиција го потврди убиството на тројца припадници на српската радикална групата во северно Косово. Според косовските медиуми, еден од убиените Срби е идентификуван – се работи за Радомир Почуча. Што е познато за него?
ЕДИТ: Веста за убиството на Почуча се испостави дека не е точна:
(ВИДЕО) Радомир Попуча: Не сум мртов!
Радомир Почуча служел како портпарол на специјалната антитерористичка единица во Србија, а е познат и осуден од српските судови, како учесник во странски војни. Тој учествуваше во војната во Донбас на страната на сепаратистите поддржани од Русија во 2014 година.
По враќањето од украинскиот фронт бил ангажиран во фондацијата „Капетан Драган“, која го носи името на српскиот воен злосторник, а бил и член на српската ултранационалистичка партија „Заветници“. Бил и кандидат за пратеник во српското собрание на оваа партија на изборите во 2022 година.
Се дознава и дека Почуча работел како новинар и на српската телевизија, но ја напуштил откако заминал во Украина. Неговите фотографии на социјалните мрежи покажуваат дека тој бил екстремист и дека бил вооружен.
Д. Јонузи