ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Северна Македонија и дијаспората

September 24, 2023 10:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на „Македонија2025“.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на свеченоста Пендаровски го одликуваше главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“ за неговиот особен и посветен придонес во развојот и унапредувањето на македонско-американските стратешки и деловни односи и за економскиот напредок на нашата земја.

Претседателот Пендаровски го врачи и признанието „Diaspora Recognition Awards 2023“, коешто Македонија 2025, под негово покровителство, им го додели на Стенли Томас и на Влатко Андоновски, во чест на нивните придонеси и достигнувања.

Тој посочи дека „Македонија 2025“ е една од водечките организации на македонската дијаспора, посветена на развојот и економскиот напредок на нашата татковина и нејзините граѓани уште од основањето во 2007 година. Со иницирањето и организацијата на овој настан, како што рече, тие уште еднаш ја потврдуваат нивната релевантност и визија за нашата подобра иднина.

– Освен бројните активности, вклучително и традиционалните годишни конференции, програмата за стипендирање на средношколци, Охридскиот камп за високо-технолошка извонредност во соработка со Кабинетот на претседателот кој успешно се одржува веќе три години, неодамна воспоставивме и првпат го доделивме Признанието за особен придонес за истакнати членови на дијаспората. Наградата го вреднува исклучителниот придонес од страна на членови на македонската дијаспора во насока на зачувување и афирмација на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, рече Пендаровски.

Шефот на држвата потенцира дека потребни ни се организации и поединци кои придонесуваат во градењето на блиски и продуктивни врски помеѓу Република Северна Македонија и нејзината дијаспора.

– Ова понекогаш значи и надминување на големите очекувања кои постојат и овде, но и кај сонародниците во татковината. Она што најпрво треба да го направиме е да ги оставиме настрана сентименталноста и емоциите, бидејќи она што ни е потребно е прагматизам. Она што ни е потребно е ситуација во која сите сме победници, и оттука, наш заеднички потфат треба да биде отворање на патишта за што поблиска комуникација помеѓу нас, која цели кон нови иницијативи и инвестиции, изјави Пендаровски.

Претседателот Пендаровски  порача дека мора да бидеме внимателни, мудро да ги користиме ресурсите кои ни се на располагање и да најдеме начин како да им помогнеме на најпогодените. – Ова може да се постигне само преку емпатија, заедништво и солидарност. Да ги оставиме на страна за миг нашите лични амбиции и да одвоиме делче од нашето време за да придонесеме за доброто на нацијата, рече Пендаровски.

Според него, само преку следење на примерот на нашите големи лидери и заедничка работа, ќе можеме да придонесеме многу повеќе за многу понапредна држава.

– Вечерва со нас е Дејвид Калхун, претседател и главен извршен директор на Боинг. Како симболичен гест на благодарност во име на сите македонски граѓани, би сакал да го одликувам со орденот „8 Септември“, едно од највисоките државни одликувања, како признание за неговиот непроценлив придонес во изградбата на македонско – американските деловни односи и поддршката за македонската економија. Знаете, со тек на време, некои професионални ангажмани одат подалеку од рамките на деловната комуникација и поставуваат силни темели за долгорочни пријателства, рече Пендаровски.

На донаторска вечера се славеа македонската култура и традиција, а присутните гости ја слушнаа македонска музика и уживаа во македонската кујна.

Tags: дијаспораПендаровскиСАД
Next Post

Вјоса Османи ја прекина посетата на САД по убиството на полицаец во северно Косово

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk