ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јовески: Обвинителството не беше консултирано за измените во КЗ, ќе се обидеме да спасиме од застарување дел од предметите

September 27, 2023 20:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во постапката за донесување закони, а исто така и Собранието не ги достави измените на Кривичниот закон до надлежните институции. Веројатно сметале на итноста на донесувањето на законот, тоа што тој е донесен во скратена постапка и со европско знаменце, изјави државниот обвинител Љубомир Јовески.

Според него, некој во политиката проценил дека е потребно итно донесување на тој закон, а во однос на прашањето колку предмети ќе застарат, Јовески рече дека обвинителството ќе се обиде да спаси дел од предметите.

Обвинителството кон овие предмети ќе се однесува така што она што ќе може да се спасува, да се спаси, ако има основи, и ако има докази за изрекување на конфискација, бидете уверени дека тој дел обвинителите ќе бараат имотот да биде конфискуван, истакна тој.

Во изјави за медиуми по денешната седница на Советот на јавните обвинители Јовески рече дека нема да застарат многу предмети, а кај определени предмети, како што рече, веројатно ќе се појави проблемот на преквалификација на кривичното дело од еден став во друг.

Тој посочи дека за обвинителите не е сеедно што предметите за кој вложиле огромен труд се исправени пред застарување.

Се разбира, како обвинител непријатно е чувството вие да работите повеќе години во еден предмет бидејќи определени предмети се навистина сложени и за нив се обезбедувани докази и со меѓународна правна помош, во определени предмети е вложена голема енергија од страна на обвинителите и сега тие предмети и тие дејствија треба да се преквалифкуваат како полесни кривични дела, нагласи Јовески.

Во однос на самите измени, Јовески рече дека биле донесени во Собранието во законита процедура и дека должност на Обвинителството и другите правосудни институции е да ги почитуваат.

Државниот обвинител додаде дека не може да се прави проценка како измените на КЗ ќе влијаат на сите предмети бидејќи, како што посочи, секој предмет е посебен. Но, нагласи дека нивната примена најмногу е изразена во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основното јавно обвинителство Скопје.

Не може да се групираат предметите. Секој предмет е посебен и оние предмети што се во работа и уште во почетна фаза јавните обвинители ги проучуваат и доколку за одредени прашања во делот на примената на овие законски одредби наидат на тешкотии за тоа го информираат раководителот на Обвинителството. Доколку не може да се изнајде соодветно решение во рамките на Обвинителството, се известува повисокото Јавно обвинителство. И примената на Законот кај овие предмети е најизразена е во Основното јавно обвинителство за гонење организирана криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основното јавно обвинителство во Скопје, изјави тој.

Собранието со европско знаменце и во забрзана постапка на почетокот на месецов ги помина измените на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Tags: застарувањеИзмениЈовескиКривичен законикобвинителствопредмети
Next Post
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ

НАЈНОВО

Анаис хороскоп

Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

October 25, 2025
ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk