ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шестмина Португалци тужат 33 земји за непреземање мерки против климатската криза

September 27, 2023 11:57
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Европски суд за човекови права

Фото: Европски суд за човекови права

Share on FacebookShare on Twitter

Во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска треба да се одржи сослушување по тужбата покрената од шестмина млади Португалци против Португалија и уште 32 држави од Европа, со која бараат на владите на овие земји да им се изрече пресуда со која ќе бидат приморани да ја засилат борбата против климатската криза.

Според португалското здружение за заштита на животната средина „Зеро“, ваквата иницијатива е покрената затоа што земјите „не сториле доволно“ со своите активности за заштита на климата.

Во соопштението на „Зеро“ се посочува дека шесте млади луѓе ја покренале тужбата во септември 2020 година, откако „биле сведоци на разорните шумски пожари и се поинтензивни бранови на жешко време“.

Подносителите на тужбата наведуваат дека климатските активности на „обвинетите“ земји не се доволни за заштита на нивните основни права, вклучително и нивното право на живот и на физичка и ментална благосостојба.

Според „Зеро“, кое наведува дека станува збор за „најголема климатска тужба покрената досега“, европските влади имаат законска обврска да дејствуваат итно за да спречат климатска катастрофа и да преземат многу порадикални и итни мерки за намалување на емисиите на штетните гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

– На младите им истекува времето за заштита на својата иднина. ЕУ мора итно да ги намали бруто емисиите (на штетни гасови) за најмалку 65 отсто до 2030 година и да постигне нула нето емисии најдоцна до 2040 година, посочува „Зеро“ во соопштението.

По случајот која официјално се води како „Дуарте Агостињо и другите против 33 држави“, ќе решава Големиот совет на Судот составен од 22 члена под претседателство на Шиофра О’Лири, а во чиј состав е и македонскиот судија Јован Илиевски.

На листата на тужени држави се 27-те членки на ЕУ, како и Велика Британија, Норвешка, Русија, Турција, Украина и Швајцарија.

Судот треба да се произнесе по тужбата во следните 18 и доколку изрече пресуда, според очекувањата на „Зеро“, таа ќе претставува еден вид „нов законски задолжителен договор“, што директно ќе ги обврзува владите на тужените земји итно да дејствуваат против климатската криза.

– Европската унија мора да ја забрза својата климатска акција и да ја зголеми својата амбиција да ги заштити граѓаните од опасните климатски промени, додава „Зеро“ во соопштението.

Tags: ЕСЧПклиматска акцијатужба
Next Post
Фото:  Влада на Република Северна Македонија

Битиќи за Глас на Америка: Нашите стратешки партнери го забележуваат и поддржуваат нашиот прогрес кон Европската Унија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk