Новинарот Зоран Милошески го коментира вчерашниот инцидент што пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ го предизвика од собраниската говорница, кога го обвини вицепремиерот Маричиќ за недолично однесување.
„Дафина е лицето и опачината на просечниот вмровски функционер. Истиот оној функционер кој до вчера сечеше вени за Грујо. Пред Грујо за брат Љубе. Пред него за Борис Трајковски. Пред Борис, за Љубчо Георгиевски. Пред Љубчо за Ванчо Михајлов. И од сите нив се откажа. Освен, разбира се, од Радко“, реагира во објава на Фејсбук новинарот Зоран Милошески.
Тој во објавата истакнува дека „Дафина е еталон за вмровското лицемерие, лажниот патриотизам и среброљубството. Таа е камче од мозаикот на арамиското друштво кое 11 години се изживуваше, уценуваше и го „силуваше“ сопствениот народ, клептоманско здружение кое ја опљачка Македонија“.
„Дафина е скршената опашка од споменикот на бикот во центарот за Скопје, за чие обновување нејзината колешка Ана Лашкоска побара 100.000 денари од буџетот на Министерството за култура.
Дафина е елементарна непогода во движење!“, пишува Милошески.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ, го демантираше обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска и вели дека „со пратеничката ниту имал било каква комуникација ниту ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака“.
Регираа и од Форум на жени и од пратеничката група на СДСМ, кои истакнуваат дека „лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби.