ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Богоев: Со сериозно посветено работење, но пред се со транспаретност и доловување на она што го работи царинската управа, ќе ја доближиме институцијата до граѓаните

September 30, 2023 20:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

„Верувам дека со сериозни активности, со сериозно посветено работење, но пред се со транспаретност и доловување на она што го работи царинската управа, ќе ја доближиме институцијата до граѓаните. Кога ќе ја доближиме и кога ќе знаат од прва рака што работиме на дневна основа и како работиме, перцепцијата ќе почне да се менува,  истакна Стефан Богоев, директор на Царинската управа на интервју за Фронтлајн.

Тој додаде дека е свесен дека перцепцијата кај дел од јавноста не е добра, и покрај тоа што царинската управа во минатото има направено многу сериозни работи и помогнато на стопанството, особено во делот на партнерство со компаниите, дигитализација, безхартиени постапки, поедноставени постапки, овластен економски оператор, зелени коридори, „Опен Балкан“, односно серија на активности спроведени уште пред него.

„Вчера бев на настан на Макам Транс. Навистина има транспортери, има увозници и компании коишто се задоволни и коишто имаат одлична соработка со царинската управа. Овде навистина се спроведени чекори и активности и реформи коишто се во интерес на компаниите. Опен Балкан иницијативата има за цел да ги направи нашите компании да имаат помали трошоци и со тоа да бидат поконкурентни на меѓународните пазари. Тоа во добар дел е успеано. Во делот на Оне стоп шоп премини, со едногранична контрола како што направивме сега на Ќафасан, претходно на Табановце, како што биде направено на Блаце на почеток на идната година Истото повторно ја подобрува конкурентноста и е во функција на стопанството и компаниите“, истакна Богоев.

Тој информираше дека компаниите можат да добијат статус на овластен економски оператор што добиваат забрзани и поедноставени процедури.  А намалувањето на времето кај компаниите, особено кај транспортните и кај увозниците и извозниците, значи заштеда и нов камион, нова тура. На тој начин стануваат поконкуретни на надворешните меѓународни пазари и толку повеќе ќе плаќаат даноци во државата и ќе вработуваат луѓе.

„Сепак стои во јавноста онаа горчина за царинската управа. Најчесто поради минатото се спомнува како извор на корупција, шверц и слично. Но, ова се перцепции, за жал, градени аргументирано или неаргументирано со децении. Преку ноќ нема да ја смениме перцепцијата, меѓутоа сериозно почнавме да работиме на менување на перцепцијата на царинската управа за да биде партнер на стопанството и сервис на граѓаните“, заклучи Богоев.

 

Tags: БогоевЦаринска управа
Next Post

Битиќи: „Раде Кончар-Сервис" е пример за тоа како иновативноста води до успеси на глобалните пазари

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk