ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Патриотскиот“ проект на Мицкоски за следните избори – „конфедерација на плачиминџи“

October 2, 2023 11:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Рековме дека ВМРО-ДПМНЕ е војска. Рековме и тоа дека Мицкоски е генерал на таа војска. Сега, овде, нема да речеме, ама би требало да разбереме – нашите „патриотски“ интелектуалци толку многу им е драга близината на моќниците, посебно на оние „од десно“, и ако ова го разбереме, можеби би можеле да пофатиме и некоја подобра перспектива за иднината.

Денес претпоставувам дека на сите тоа им е јасно. „Патриотскиот“ поет, „патриотскиот“ режисер, „патриотскиот“ писател и новинар, глумец и професор, денес е опседнат од желбата да својот „нежен“ интелектуален хабитус им го поклони на тврдата десничарска партија за сувопарна власт. Оти, нели, сите само СДСМ не (!), таа е нивната логика. И додека нивната „скромност“, „прикриеност“ и „срамежливост“ нема крај кога станува збор за секојдневните човечки неправди, а најтривијалната е газење на малцинските права пред нивниот нос кои тие не ги гледаат и не ги слушаат, и немаат појма што со нивните права да прават, освен онаа глупава максима: „Не за Уставни измени под Бугарски диктат“, вие оваа максима ја користите за да блокирате буквално сè во државата, да ги газите сите закони во оваа држава, и можете уште да ги ништите сите норми на човечност, можете да му дадете и најперверзен тон на вашето самоволие, притоа смеете да се изнапљачкате, па дури имате право и да убиете, ништо од тоа нема да ја промени нивната свест – тоа тромо, глупаво и општествено битие кое го мибилизираат за „националните работи“ против Бугарите. А и не само против нив, против сите: Албанци, Европјани, Американци…

Сега, наеднаш, нема граница за неговата „десна“ хиперсензибилност, поготово тогаш кога треба да се наслушне и најтанкиот „тантрум на националната душа“, сега тие се „одлучни“ и „храбри“ кога стотина илјади луѓе треба да се подигнат од нивните огништа, без разлика што тој народ гледа директно во провалија.

Поединечни судбини Мицкоски не го интересираат, тој жонглира со големи цифри и опседнат е во мислите за милениумски перспективи, тој го создава националниот мегапроект и разбирливо, не се занимава со ситници, впрочем, кој се занимава со пилевина кога се рушат цели шуми?

Ама овој десничарски „балван“, кој така спремно го натовари на својот грб „универзумот на нацијата“, судбината на еден милион и осумстотини илјади граѓани во оваа земја, не е никој друг освен оној неугледен, ползечки „гном“ на кого и таа најобична и секојдневна граѓанска одговорност му претставува терет. И нема тука никаков парадокс. За денес македонскиот интелектуалец со „десен предзнак“, да успее до „височините“ на народен мудрец или национален месија, не му е потребно ништо друго освен да ги мрази Бугарите, Албанците, родовите и женските права, Американците, а притоа никогаш претходно да не се обидел да стане граѓанин.

Што значи тоа граѓанин? Тоа е онаа форма на апстрактна еднаквост со сите останати граѓани во државата, без разлика на професијата и формалното образование. Вишокот на „национална мудрост“ не е ништо друго туку компензација за немањето на одговорност. А кога ваквиот случај – како симптом – на длабока фрустрација на „патриотската интелигенција“ поприма лудачка појавност, тогаш ни станува јасен и оној манично-депресивен карактер на патриотскиот интелектуален „живот“ воопшто. Неговиот на сите нас добро познат досаден ритам: тупавост – еуфорија – тупавост; па повторно… тупавост… еуфорија, повторно тупавост… и така до бесконечност.

Тие исти кои вчера, па така и денес, вклучени во најдлабокиот патос на националната саможртва, го набљудуваат сопственото лизгање во пропаст, не правејќи ништо тоа да се спречи; од најдлабокиот бунар, пишуваат инфантилни писма до светските сили пресметувајќи се со нив како со некои кибритлии од локално гранапче. Најпрво им пишуваат со самосожалување, потоа им пишуваат со мегаломанија, па повторно со самосожалување, и така во круг. До бесконечност.

Дали нашите патриотски плачиминџи навистина веруваат во своето оплакување? Па, зависи, како кој. Оние тупавите – да; оние малку побистрите – не. Тие, побистрите, знаат дека нашата историја не е толку трагична (ако воопшто е трагична) за разлика од историјата на околните, па дури и далечни народи и народности. Знаат тие многу добро дека ние Македонците сме истрпуеале многу неправди, ама знаат исто така дека можело да поминеме и многу полошо.

Секој човек што има зрно сол во главата јасно му е како бел ден дека од песимизмот и самооплакувањето не може да се развие никаков напредок и квалитет, ама ете, нашата култура, а посебно онаа „политичката“ – и посебно онаа „гражданско-новинарска“ – се расфрлаат со песимизам и плачипичкарање на сите страни, и уште за тоа добиваат аплаузи. А зошто тоа го прават?

Заради истата причина што оној мајмунот си го држи qурwoт во ладна супа. Ете затоа!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиНЕНАД ЈОВАНОВИЌпатриоти
Next Post
Агдам, Нагорно-Карабах, фото: Константин Новаковиќ / Pescanik

Азербејџанско сценарио

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

October 12, 2025

Експлозијата во Тенеси однесе најмалку 16 животи – истрагата сè уште трае

October 12, 2025
Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk