ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Прва седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија и радиотерапија

October 5, 2023 09:19
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска ќе се одржи првата седница на Анкетната комисија за случајот во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Единствена точка на дневниот ред е Предлог деловникот за работа на Комисијата.

Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ вчера во изјава за медиумите информираше дека согласно одлуката, комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, дали со скандалот се загрозени основите човекови права на пациентите кои се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат за цел да поведат постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции и спречување понатамошна злоупотреба, но и системски подобрувања на дефектите во оваа Клиника и целокупниот здравствен систем.

Доколку Анкетната комисија одлучи, како што кажа таа, на разговор ќе бидат повикани сите релевантни институци и функционери.

Анкетната комисија е формирана со одлука на пленумот откако во јавноста беа објавени информации за злоупотреба на терапијата за пациенти болни од рак, за што истрага отвори и Јавното обвинителство.

На почетокот на септември беше извршен претрес на Клиниката за онкологија и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација по наводите во новинарски текстови за злоупотреба на лекови наменети за пациенти болни од рак.

Премиерот Димитар Ковачевски тогаш во изјава за медиумите рече дека ќе бидат санкционирани сите оние кои го прекршиле законот, но, апелираше да не се напаѓаат сите здравствени работници.

– Ова е првпат да биде спроведена една ваква обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела. Би сакал да повикам да не се прави сензационализација и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, бидејќи најголемиот број од медицинскиот персонал кој работи во нашата држава, се извонредни луѓе, кадри, што се грижат за здравјето на нашето население, изјави Ковачевски.

Пациенти болни од рак секој понеделник протестираат барајќи случајот да се истражи докрај.

Tags: анкетна комисијаонкологијаседница
Next Post

Луѓето сѐ повеќе ги населуваат областите кои можат да бидат погодени од опасни поплави

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

Поевтинуваат дизелот и бензините, РКЕ со нова одлука

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk