ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руската ФСБ директно вклучена во дестабилизацијата на Ерменија со цел да ја собори владата на Пашинјан

October 5, 2023 12:34
in PMD, ДЕНЕС, СВЕТ
По воена операција на Азербејџан во Нагорно-Карабах, бран протести и немири избувнаа низ Ерменија со барања владата на Пашинјан да поднесе оставка Фото: Гуидхал

По воена операција на Азербејџан во Нагорно-Карабах, бран протести и немири избувнаа низ Ерменија со барања владата на Пашинјан да поднесе оставка Фото: Гуидхал

Share on FacebookShare on Twitter

Руската Федерална служба за безбедност е директно вклучена во дестабилизацијата на Ерменија со цел да ја собори владата на земјата, објави новинската агенција Гилдхол, повикувајќи се на извор во една од европските разузнавачки служби.

Според изворот, во напорите се вклучени неколку единици на ФСБ, како и посебна група која била распоредена во Ереван за да ја координира операцијата на теренот.

Тимот е предводен од Роман Ромачев, оперативец на ФСБ, кој е експерт за таканаречените активни мерки (мисии за малигни влијанија) и работи под закрила на предната компанија, приватната разузнавачка агенција R-Techno. Меѓу другото, групата има задача да организира и координира антивладини протести со кои се бара оставка на владата на Никол Пашинјан, да обезбедува информативна поддршка за протестите преку платформите на социјалните медиуми, како и да организира провокации со цел да ги радикализираат демонстрантите.

Како што беше објавено претходно, откако Азербејџан спроведе блиц воена операција во Нагорно-Карабах, бран протести и немири избувнаа низ Ерменија со барања владата на Пашинјан да поднесе оставка.

За возврат, премиерот Никол Пашинјан даде изјава дека синот на поранешниот претседател Роберт Кочарјан, Левон, за кој се верува дека е „близок пријател“ на Владимир Путин, стои зад масовните протести.

Како што јави Armenia Today, шефот на ерменската влада им наредил на членовите на неговиот тим да ги известат меѓународните партнери дека руските разузнавачки агенции подготвуваат државен удар во неговата земја.

Исто така, откако се појавија извештаи дека руското разузнавање поставило основа за државен удар, Никол Пашинјан го разреши претседателот на претседателската гарда, Саркис Ховханисјан, само четири месеци по неговото назначување.

Предходно, во септември, во Ерменија беа уапсени прорускиот блогер Мика Бадалијан и новинарот на Спутник Ерменија Ашот Геворкјан под сомнение за нелегална трговија со оружје, соопшти портпаролот на Истражниот комитет Гор Абраамјан, објави Радио Свобода.

Портпаролот прецизираше дека Бадаљан и Геворкјан биле приведени во Сјуничкиот регион на 6 и 7 септември. Вкупно седум лица биле приведени во случајот со нелегална трговија со оружје.

Државната руска медиумска групација Росија Сегодња, чиј дел е Спутник Ерменија, исто така објави дека го следи притворот на Геворкјан и „очекува почитување на сите процедурални норми“ кои ги оцени како можние провокации насочени кон поткопување на пријателството меѓу „братските народи“ на Русија и Ерменија кои мора веднаш да се прекинат“.

Претходно, премиерот на Ерменија Никол Пашинјан го критикуваше рускиот мировен контингент во Нагорно Карабах, наведувајќи дека не ја исполнува својата задача, а исто така изјави дека зависноста на Ерменија од само една земја, а тоа е Русија, е „стратешка грешка“. Според политичарот, самата Русија го напушта Јужен Кавказ. Тој нагласи дека ниту една од западните сили за кои зборува Русија не го турка Ереван да раскине со Москва.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВлададестабилизацијаЕрменијаНикол Пашинјанруска ФСБ

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk