ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи на Економскиот форум: Економски меѓузависности во регионот и забрзано интегрирање кон ЕУ, е патот кој води кон просперитет

October 6, 2023 12:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на панел  дискусијата на Економскиот форум „Од криза до решенија – станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Finance Think, на кој стана збор за можностите за справување со кризи во иднина, и плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија.

Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека во својство на претставник на Владата, има многу да каже за направеното во правец на заштита на животниот стандард на нашите граѓани, и за задржување на деловната активност на нашите компании во услови на исклучително тешки економски шокови.

„Во пикот на кризата, Владата донесе и имплементираше околу 110 мерки дефинирани во 6 пакети со вкупна вредност од околу 1,2 милијарди евра кои беа директно насочени кон ублажување на последиците. Бидејќи животниот стандард на граѓаните ни е важен, ги насочивме да ја зачуваме нивната куповна моќ во екстремни услови и на тој начин да обезбедиме олеснето задоволување на основните потреби. Овие мерки имаа позитивни ефекти и кон стопанството, затоа што одржувајќи ја побарувачката на пазарот, се спречуваше домино ефект на затворање на бизниси и губење на работни места.  Реагиравме и во делот на поддршка на ликвидноста, за компаниите успешно ги исполнуваат своите краткорочни обврски, како што се исплата на плати на вработените, дури и во ситуации кога дел од нив се соочуваа со нарушени приходи“.

Вицепремиерот Битиќи укажа на важноста на визиите и конкретните системски мерки кои ќе ја зголемат адаптивноста и отпорноста на економијата во иднина.

„Мораме да ја избегнуваме економската пракса на создавање на зависности. Воспоставување на економски меѓузависности во регионот и забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој  води кон просперитет, раст и  развој. Кризата ја оправда и ја нагласи потребата од усвојување на Националната развојна стратегија , која ќе претставува визија за развојот на државата и општество во претстојните две декади. Преку приоритизација на стратешките развојни области и поставувајќи механизам за соодветно искористување на ресурсите со кои располагаме како држава, стратегијата ќе овозможи флексибилност и отпорност на севкупното општество кон надворешни економски шокови“, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Tags: БитиќиЕкономски форумЕУ
Next Post
PSZ> JulienxMattiax/xLexPictorium LePictorium3

Четворица играчи на ПСЖ суспендирани поради хомофобија

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk