ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Костадинов на половина мандат со доверба од граѓаните и за втор

October 6, 2023 13:59
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На половина од првиот мандат, струмичани имаат доверба во градоначалникот Костадин Костадинов да му го доверат и вториот мандат. Тоа го покажало истражувањето на ТИМ Институтот од Скопје, според кое на прашањето дали сметате дека градоначалникот Костадин Костадинов заслужува или не повторно да биде избран, 52,5 проценти од испитаниците одговориле позитивно, што според анализите на Институтот е повеќе од довербата што ја имаат двете најголеми политички партии заедно доколку утре се одржат локални избори.

Ова го соопштија денеска од Општина Струмица, од каде ја пренесуваат и изјавата на Костадинов во која стои дека таквата поддршка не е само за него, туку и за неговит тим и општинската администрација.

-Таквата поддршка еден човек, да има поголема поддршка од двете најголеми партии, иако со должна одговорност јас сум член на Извршниот одбор на СДСМ и со огромна чест се носам со таа функција, сепак ова кажува дека огромен дел од граѓаните веруваат на заложбите коишто ги правиме и не би кажал само Костадин Костадинов, туку со целиот негов тим, со целата општинска администрација и секако со мудрите одлуки на советниците, иако јас сум носител на функцијата и секако ме обврзува да продолжам по патот по којшто одам, вели струмичкиот градоначалник.

Додава дека е човек кој ги слуша во секој момент граѓаните.

-Костадин Костадинов да биде човек којшто ќе оди во секое населено место, Костадин Костадинов да биде човек којшто ќе оди во секое маало во градот, ќе разговара со секој еден човек, и со најмладите и со возрасните, оти навистина тоа е мојата работа. Јас и во предизборната кампања говорев дека Струмица не е град којшто може да се владее, Струмица е град којшто се сака, а јас сум човек којшто нема намера да владее, туку да служи и сум бескрајно среќен што еве огромен дел од граѓаните тоа го препознаваат. Тоа за мене е радост и упатувам јавна благодарност до граѓаните и едно уверување од моја страна дека навистина ќе продолжам уште повеќе да бидам посветен на капиталните инвестиции и проекти, ќе бидам уште повеќе посветен на новите социјални услуги оти јас сум социјалдемократ по убедување, ќе продолжам да ги слушам сите граѓани, ќе продолжам да бидам транспарентен како и досега, а тоа го покажуваат сите мерења за општина Струмица  и скокот од 9 места на скалата на активна транспарентност, подвлекува Костадинов.

Тој смета дека се уште е рано за да размислува за втор мандат.

-Многу е рано. Јас сум човек којшто од почетокот на својата политичка кариера и како советник и како пратеник во македонскиот парламент, како градоначалник, сум кажал дека кога секој човек си ја работи работата народот ќе си каже што и како очекувал, народот ќе си каже и предвреме дали некој треба да продолжи по патот којшто си го оди, дали не треба да продолжи. Сите луѓе имаат свои лични амбиции и апетити кои сакаат да ги реализираат или не. Еве јас како човек ќе кажам оти сум целосно растоварен од тоа дали ќе продолжам или нема да продолжам. Костадин Костадинов, иако млад на свои 33 години, досега секогаш црпел легитимитет од граѓаните, секогаш излегувал на непосредни избори каде што секогаш искрено, отворено и со чист образ го барал гласот на граѓанинот за да му служи, вели Костадинов.

Истражувањето на ТИМ Институтот од Скопје на јавното мислење во општина Струмица е спроведено од 10 до 16 јули годинава на репрезентативен примерок од 500 испитаници.

Tags: вторКостадиновмандат
Next Post

До 10 декември најголем дел од домаќинствата ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата

Shortcut

Најново

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk