ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Османи за ЦИВИЛ МЕДИА: Во Украина се води битка меѓу демократијата и авторитаризмот, од исходот зависи мирот и стабилноста во светот во децениите што доаѓаат

October 8, 2023 15:15
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот од последниот квартал на една од најтешките години за Европа во поновата историја, може да се констатира дека македонското претседавање со ОБСЕ ќе остане забележано како голем успех. Да се потсетиме, крајот од 2022 година, македонската кандидатура за претседавање со ОБСЕ едногласно ја прифатија сите 56 земји членки на една од најзначајните организации во светот. Според статутот на ОБСЕ, претседавач е министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој се наоѓа на чело и на бројните комплексни мисии и задачи што произлегуваат од овој статус на земјата.

Факт е дека во домашната јавност малку се знае за улогата на македонската дипломатија во ОБСЕ и на меѓународен план. Без да навлегуваме во анализа на причините зошто е тоа така, доволно е да нагласиме дека успехот на министерот Османи и македонската мисија во ОБСЕ битно влијаат на меѓународниот статус на Северна Македонија, а посредно и на внатрешнополитичките настани и процеси.

Во овој поврзан свет, кризните и воените жаришта имаат сериозно влијание врз тековите на регионално, а често и на глобално ниво.

Во меѓувреме, во саботата наутро, на 6 октомври, палестинските милитанти го нападнаа Израел, а за помалку од 24 часа, овој крвав конфликт, со повеќе од 450 убиени на двете страни, прерасна во регионален. Конфликтот на Блискиот Исток се совпаѓа со 50-годишнината на Војната на Јом Кипур (позната и како Рамазанска војна) која беше исклучително крвава, иако траеше само две недели и пет дена. Министерот Османи веднаш излезе со изјава во која ги осуди нападите на Хамас врз Израел.

I strongly condemn violent attacks by group Hamas on Israel. Extending our full solidarity with Israel; these acts of terror must stop immediately

— Bujar Osmani (@Bujar_O) October 7, 2023

Како изгледа сето тоа низ призмата на првиот човек во овие процеси, дознаваме од ова интервју со Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за ЦИВИЛ МЕДИА, во последните мигови пред да замине на значајниот самит на Берлинскиот процес во Тирана, во петокот, на 5 октомври.

Ова интервју опфати три главни воено-безбедносни жаришта во светот во овој момент и тоа, најголемото, со руската агресија против Украина, конфликтот во Нагорно-Карабах и тензиите и насилствата во нашето непосредно соседство, Косово и Србија. Со оглед на руската вмешаност во кризата со Нагорно-Карабах и во косовско-српските тензии, како и поврзаноста со најновото жариште на Блискиот Исток, важно е да се дознае повеќе за погледот на претседавачот на ОБСЕ на украинската сторија.

Во интервјуто на ЦИВИЛ МЕДИА со министерот Османи, без оглед на најновиот развој на настаните на Блискиот Исток, се фрла светлина на „најважното прашање во светот во овој момент“, каде што се води „битката помеѓу демократијата и авторитаризмот“.

Поаѓајќи од фактот дека војната што ја води руската федерација против Украина е светски безбедносен проблем број еден, го прашавме министерот Османи како гледа на развојот на ситуацијата во Украина, и од аспект на претседавач со ОБСЕ и како министер во македонската влада.

„Прашањето на агресијата во Украина е едно од најважните прашања за целиот свет во моментот. Таму се води битката помеѓу демократијата и авторитаризмот. Исходот од таа агресија, ќе го одреди не само светскиот поредок, туку воопшто мирот и стабилноста во целиот свет за децениите што доаѓаат, но, посебно важно за европскиот континент и за регионот каде што ние живееме“, изјави Османи за ЦИВИЛ МЕДИА.

Тој смета дека нема потреба од компетитивност во поглед на ЕУ интеграцијата на Северна Македонија и Украина, во смисла – како може Украина да добие забрзана патека за ЕУ, а Северна Македонија чека со децении.

„Доколку Украина не победи, тогаш бродот во кој што ние сакаме да влеземе може да потоне. Тогаш не вреди целата таа наша аспирација за членство во Европската унија. Оттука, украинската приказна е многу поголема од сите други политички динамики и предизвици и затоа, и како претседавач со ОБСЕ, јас решив Украина да биде доминантната тема на целото претседавање“, резонира министерот Османи.

Тој потсети дека неговото претседавање почна на 16 јануари, после презентација на приоритетите во Виена, на 11-ти, а вече на 16-ти беше во Кијив и тоа, не само на средба со украинскиот претседател Зеленски и со мојот колега Кулеба, туку и со посета на терен, на средби со луѓето. Османи најави дека повторно ќе ја посети Украина следната недела. Тоа го прави, меѓу другото, за да покаже дека претседавањето е и ќе биде во духот на Украина.

Османи нагласи и дека, во текот на целото претседавање, на секоја седница на Постојаниот совет на ОБСЕ што се случува секој вторник во Виена, една од темите редовно е руската агресија во Украина.

„И тоа не само поради политичките последици, туку пред сé поради она човечкото, бидејќи ако сте забележале, насловот на нашето претседавање е „It’s About People“, „За луѓето се работи“, а во Украина луѓето се тие кои што во моментот гинат, кои што живеат во неподносливи услови, деца кои што се киднапираат и се носат принудно во семејства во Русија, милиони кои што се разместени, не само внатре во Украина, туку низ целиот свет и оттука нашето внимание беше како да им се помогне на луѓето“, објаснува министерот Османи, во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА.

Значајно за ова и за другите прашања во интервјуто со министерот Османи е што Северна Македонија на меѓународната сцена се појавува како фактор на стабилност и извор на решенија во жестоки кризни ситуации.

Џабир Дерала
Камера: Дејан Неделковски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска
Транскрипција: Наташа Цветковска

ЛИНК ДО ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бујар ОсманиОБСЕРуска агресијаУкраина

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk