Израел го бомбардира опколениот Појас Газа втора ноќ по ред, откако официјално објави војна против палестинската група Хамас. Израелската одбрана соопшти дека околу 100.000 резервни војници се веќе во близина на границата со Газа. Измина втората ноќ од војната меѓу Израел и Хамас, а ја одбележаа хаосот на разурнувањата, жестоките борби и бомбардирањето на цели во Газа.
Продолжуваат жестоките борби меѓу вооружените групи на Хамас и израелските војници во најмалку три области во јужен Израел. Тие вклучуваат кибуц во Кармија и во градовите Ашкелон и Сдерот.
Хамас и Палестинскиот исламски џихад соопштија дека држат повеќе од 130 луѓе во заробеништво во Газа.
Хаос и несигурни податоци за мртви и ранети
Министерството за здравство на Израел соопшти дека до утринава 2.382 лица се згрижени во болниците во Израел поради раните со кои се здобиле во војната. Дваесет и двајца од нив се во критична состојба, а 345 се тешко повредени. Во текот на вчерашниот ден, израелските власти соопштија дека бројот на загинати во терористичките напади на Хамас е повеќе од 600.
Последниот биланс на загинати е 413 Палестинци, според здравствените власти во Појасот Газа. Сепак, неизвесна е веродостојноста на овие податоци, бидејќи ситуацијата на теренот е хаотична и постојано се менува.
ОН, САД, Иран
Членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации се состанаа на итна седница зад затворени врати во Њујорк, но не успеаја да се договорат за заедничка изјава за ескалацијата на насилството.
Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон USS GERALD R. Ford се упати кон источниот Медитеран, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пренесе ЦИВИЛ МЕДИА вчера. САД соопштија дека ќе испратат уште воени бродови и авион во близина на Израел како знак на поддршка.
Иранските власти излегоа со соопштение во кое се негира каква било вмешаност во копнената, поморската и воздушната офанзива на Хамас.
Осуда за Хамас од претседателот на Ел Салвадор
Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, кој има палестинско потекло, остро го осуди Хамас по неговиот напад врз Израел.
„Најдоброто нешто што може да му се случи на палестинскиот народ е Хамас целосно да исчезне. Тие диви ѕверови не ги претставуваат Палестинците“ – вели Букеле на социјалната мрежа Х, претходно позната како Твитер – „Секој кој ја поддржува палестинската кауза би направил голема грешка застанувајќи на страната на тие криминалци“.
Тој го спореди Хамас со бандата МС-13, која со години го тероризира Ел Салвадор.
As a Salvadoran with Palestinian ancestry, I’m sure the best thing that could happen to the Palestinian people is for Hamas to completely disappear.
Those savage beasts do not represent the Palestinians.
Anyone who supports the Palestinian cause would make a great mistake…
— Nayib Bukele (@nayibbukele) October 9, 2023
Поддршка за Палестинците
Од друга страна, во делови од светот се бележи поддршка на Палестинците. Некои од земјите каде што луѓето вееја знамиња за поддршка на Палестина се Шпанија, Јужна Африка и Сирија.
PROTESTS BEGIN IN SOUTH AFRICA:
#Africa4Palestine will be joining South Africa’s liberation and governing party @myancwc @MYANC at a solidarity picket for Palestine at 11am outside O.R Tambo Hall, Khayelitsha, Cape Town #World4Palestine
And at 4pm there will be a another… pic.twitter.com/7yhrlZRx6Y
— #Africa4Palestine (@Africa4Pal) October 8, 2023
Израелска одбрана: Напади врз стратешки цели
Израелските одбранбени сили објавија снимки на кои се гледаат нападите во текот на ноќта врз „стратешки цели“ во Појасот Газа.
As a Salvadoran with Palestinian ancestry, I’m sure the best thing that could happen to the Palestinian people is for Hamas to completely disappear.
Those savage beasts do not represent the Palestinians.
Anyone who supports the Palestinian cause would make a great mistake…
— Nayib Bukele (@nayibbukele) October 9, 2023
Израелската одбрана соопшти дека погодила повеќе од 500 цели во нападите, вклучително и осум воени простории на Хамас и Палестински Исламски џихад, неколку високи кули во кои се сместени средствата на Хамас, џамија во која се сместени средствата на Хамас и три тунели во областа Беит Ханун во северна Газа.
Извештај од дописникот на Ал Џезира од Газа
Тарек Абу Азум од Ал Џезира, известувајќи од градот Газа, вели дека израелските сили го интензивирале бомбардирањето на опколената палестинска енклава во последните неколку часа.
„Небото над Газа е полно со израелски борбени авиони и беспилотни летала. Некои градови во Појасот Газа, особено во Беит Ханун, се бележи непрекинато бомбардирање повеќе од еден час“, рече тој, додека звукот од експлозии одекнуваат зад него и облаците од чад се издигнуваат на небото.
Точниот број на жртви е непознат, бидејќи медицинските тимови не можеа да пристапат до погодените области, известува Абу Азум, додавајќи дека израелските сили спроведуваат „политика на изгорена земја“ за да ја олеснат копнената инвазија на Газа.
Во текот на ноќта, палестинските групи лансираа низа ракети кон јужен Израел, додаде тој.
Извештај на дописникот на Times of Israel
Израелските одбранбени сили соопштија дека продолжуваат со нападите врз палестинските терористи кои се инфилтрираат во Израел преку порозната граница на Газа, се вели во извештајот на Емануел Фабијан од Times of Israel.
Безбедносната бариера на Израел со Појасот Газа е тешко оштетена откако Хамас го започна својот напад врз јужен Израел, дозволувајќи им на терористите да се инфилтрираат.
Војската верува дека сè уште има многу терористи на израелска територија од првата инвазија во саботата наутро, а други сè уште се обидуваат да се инфилтрираат.
Подготви: Џ. Дерала / ЦИВИЛ МЕДИА