ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ за изјавата на Николоски: Неодговорните и неточни изјави за собирање евтини политички поени скапо ќе нè чинат како држава

October 9, 2023 00:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја оцени како неодговорна и неточни изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дека уште пет држави членки на ЕУ биле против тоа земјата да ги продолжи пристапните преговори, чија цел, е вели, собирање евтини политички поени.

-Гледам дека се даваат неодговрни и неточни изјави од страна на опозицијата дека има пет други држави од ЕУ кои имале забелешки за Северна Македонија и кои би не спречиле да продолжиме со преговорите. Тоа не е точно тоа нема никаква врска со реалноста. Ние имаме секојдневни коимуникации со сите држави членки. Никој тоа не го најавил ниту постои такво нешто. Затоа треба да ги напуштиме неодговорните изјави за собирање на евтини политички поени. Затоа што скапо ќе не чини нас како држава и како граѓани. Граѓаните веќе доволно скапо ги платија заблудите од минатото на опозицијата. Да не дозволиме и сега да ги плаќаат скапо заблудите на опозицијата, изјави Маричуќ во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Националниот сервис.

Тој потенцира дека доколку не се донесат уставните измени ќе се пропушти шансата во следното проширување во 2030 година, да станеме членка на ЕУ.

-Доколку нема уставни измени до ноември одговорот е едноставен – ние ќе пропуштиме уште една од многуте прилики кои што ги имаме. Ќе почнат преговорите за Украина, за Молдавија , можно е да се донесе одлука Албаниај да продолжи понатаму. Ќе останеме во една категорија на држави кои што се далеку од преговорти како што се БиХ и Косово. Мислам дека тоа овие и наредноите генерации нема да ни го простат. Во 2030 по сите анализи по сите сигнали сигурен сум дека ќе имаме нови членки на Унијата, во некоја форма. Ние се бориме Северна Македонија да биде меѓу тие нови членки. Затоа е борбата што побрзо да ги завршиме овие обврски, за да не го изгубиме темпото, рече Маричиќ.

Тој смета дека одговорноста за евроинтеграцијата на земјата е на секој пратеник и на секој политичар.

-Инаку ние почнавме со Хрватска, а Хрвтаска е веќе 10 гоидини членка. Затоа сметам и сум оптимист дека можеме да ги завршиме нашите обврски ако сите ја сватиме доволно својата одговорност Затоа што секој пратеник има одговорност, секој политичар има одговорност и мислам дека кога ќе дојде да се соочиме со фактот дека држави од нашиот регион кои што не постоеле како независни држави во 2005 година кога ние сме добиле кандидатскли статус, како Црна Гора на пример, или биле многу далеку од кандидатски статус како Албанија на пример, да се соочиме со фактот дека за неколку години тие ќе бидат членки на ЕУ а ние се уште ќе седиме во чекалната и ќе чекаме подобри времиња и подобри услови да испреговараме нешто што е веќе испреговарано. Затоа мислам дека секој треба да си преземе дел од својата одговорност, вели вицепремиерот за европски прашања.

Во однос на скрининг процесот, Маричиќ посочи дека земјата влегува во крајниот дел на скринингот, бидејќи од средина на овој месец почнува скринигот на петиот кластер Земјодлество и животна средина,  по што останува најмалиот. шестиот кластер за Надворешна и безбедносна политика.

-Морам да кажам дека доста успешно го спроведуваме. Го имаме и првиот извештај за скринингот на првиот, најважниот кластер – Темелни вредности. Врз основа на овој извештај ние ги подготвуваме оние три патокази што се најважни за отварање на првиот кластер и на поглавјата од првиот кластер, а тоа е патоказот за владеење на правото, патоказот за реформи во јавна администрација и патоказот за функционирањее на демокартските институции. Таму се забелешки кои што ние добро ги знаеме – за функционаналност на нашите институции, за подбра имплементација на законите за зајакнување на принципите на владеење на право и борба против корупција, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ. 

Tags: Александар НиколоскиБојан Маричиќ
Next Post

Хамас тврдат дека киднапирале дополнителни заложници, најмалку тројца Американци и еден француски државјанин загинаа во нападите

Shortcut

Најново

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk