ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис во посета на Северна Македонија

October 10, 2023 19:00
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис денеска престојуваше во работна посета на Република Северна Македонија, каде што одржа средби со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и државниот секретар во МНР, Филип Тосевски.

Перебијнис со македонските партнери дискутираше околу начините за натамошно продлабочување на билатералниот политички дијалог, за интеракцијата на двете земји во рамки на меѓународните организации, како и за учеството на Северна Македонија во спроведувањето на низа меѓународни иницијативи на Украина – Формулата за мир на претседателот Володимир Зеленски и Меѓународната Кримска платформа.

„Ја осудивме руската агресија врз Украина уште од самиот почеток, а нашата поддршка не е само политичка, туку може да се види и на дело. Во повеќе наврати Северна Македонија донираше хуманитарна и воена помош за Украина која има целосно право да се одбрани од неиспоровоцираната руска агресија“, рече министерката за одбрана.

Петровска потенцираше дека Северна Македонија заедно со сојузниците останува во поддршка на Украина сè додека е потребно, бидејќи тоа е страната на правдата и вистината.

Тој со претставниците на македонската Влада детално дискутираше и за прашањето за европската интеграција на двете држави како земји кандидати за членство во Европската унија, како и за натамошна размена на искуства во оваа област. Одделно, страните разменија мислења во врска со пристапот на Украина во НАТО и натамошната поддршка од страна на Северна Македонија на овој пат.

Јевген Перебијнис изрази благодарност до македонската страна за приклучувањето кон Основната група (Core group) за создавање на Специјалниот трибунал за злосторствата и агресијата против Украина, како и за политичката, хуманитарната и воено-техничката помош што ѝ се обезбедува на Украина.

Tags: Јевген ПеребијнисМакедонијапосетаСлавјанка ПетровскаУкраина
Next Post
Заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис му го врачи Орденот за заслуги од Зеленски на Џабир Дерала

Орденот за заслуги од Зеленски денеска му беше врачен на Џабир Дерала лично од украинскиот заменик министер за надворешни работи

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk