ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција забранува пропалестински протести, Макрон го повика Израел да му одговори на Хамас на „цврст, но праведен“ начин

October 12, 2023 22:15
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција ги забранува пропалестинските протести бидејќи тие најверојатно ќе го нарушат јавниот ред и мир, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во писмо до префектурите низ целата земја.

Претходно оваа недела, Хамас ги повика муслиманите низ светот да протестираат в петок за поддршка на Палестинците поради крвавиот конфликт со Израел.

Француската полиција ги чува домовите на водечките пратеници, вклучително и претседателот на Националното собрание Јаел Брон-Пива и пратеникот Мејер Хабиб, во услови на зголемени стравувања од антисемитско насилство предизвикано од војната на Израел со Хамас.

Претседателот на француското собрание, кој е член на партијата Преродба на претседателот Емануел Макрон, добил смртни закани.

Од саботата, француската полиција евидентирала повеќе од 100 антисемитски акти, но тоа се главно графити, рече Дарманен, наведувајќи дека најмногу има повици за убивање Евреи. Според него, имало некои посериозни дела, вклучително и спречување на вооружени мажи да влезат во еврејски објекти, објави претходно Си-Ен-Ен.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика Израел на „цврст“, но „праведен“ одговор по „терористичкиот напад“ од Хамас, кој францускиот лидер го опиша како „ослободување апсолутна суровост“ против еврејската држава, што однесе повеќе од 1.200 животи.

– Единствениот одговор на тероризмот, единствениот можен, е секогаш цврст и праведен одговор, цврст затоа што е фер, рече Макрон во телевизискиот говор.

– Израел има право да се брани со елиминирање на терористичките групи, вклучително и Хамас, преку целни акции, но и со зачувување на животите на цивилното население, бидејќи тоа е должност на демократијата, истакна францускиот претседател.

Макрон соопшти дека 13 француски државјани биле убиени од палестинските исламисти во нападот врз Израел на 7 октомври и вети дека ќе стори сé што е можно за да ги врати преостанатите 17 негови сонародници, чија судбина не е позната.

Францускиот претседател во своето обраќање го нарече Хамас терористичка организација која сака уништување на израелскиот народ и додаде дека единствениот начин за решавање на кризата е давање безбедносни гаранции за Израел и создавање палестинска држава.

Tags: израелМакронПалестинаФранција
Next Post

Израелскиот парламент ја одобри новата вонредна Влада на национално единство на Израел

EVN

НАЈНОВО

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Еванџелин Лили со ново обраќање за закрепнувањето по трауматска повреда на мозокот

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk