Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека една од темите на разговор на самитот на Берлинскиот процес во Тирана ќе биде економијата на Западен Балкан, кој треба да спроведе реформи за поблиска соработка со Европската Унија.
„За оние кои сакаат да одат напред и да ја подобрат економијата, нашите врати се отворени“, изјави Фон дер Лајен пред почетокот на самитот.
Таа посочи дека главна тема на самитот ќе биде економијата, „која може да биде подобра на Западен Балкан“.