ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски од Тирана: Самитот на Берлински процес ќе донесе важни договори за регионално поврзување и евроинтеграција на земјите од Западен Балкан

October 16, 2023 13:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на учеството на Самитот на лидери на Берлински процес, во Тирана, Албанија, пред почетокот на работните сесии во рамки на Самитот, даде изјава за медиумите.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски:

„Денес се одржува вториот Самит на Берлински процес во нашиот регион, првиот беше во 2020 година кога организатори беа Северна Македонија и Бугарија, меѓутоа заради Ковид пандемијата беше организиран онлајн. Ова е втор каде што со физичко присуство ќе бидат лидерите на земјите од Западен Балкан заедно со претседателот на Европската комисија, на Европскиот совет и други лидери од Европската Унија.

Очекувањата се дека ќе имаме конструктивна дискусија прво во однос на зголемување на регионална соработка, во однос на зголемување на инвестициите за поврзување на регионот, односно на сите земји во регионот и посебно разговори во однос на обезбедување на енергетска независност и обезбедување на дополнителни финансиски средства за енергетско осамостојување на регионот и зелена транзиција на енергетскиот сектор.

Дополнително ќе биде потпишан и договор за меѓусебно признавање на дипломите на фармацевтите, потоа на акушерките, на медицинските сестри кои што доаѓаат како дополнување на она што го потпишавме на минатиот самит, а тоа беше признавање на дипломите на лекарите и на другите дејности кои се регулираат согласно со европските директиви.

Тука на овој Самит ќе имам и разговори со Шолц. Во текот на денот, утрово имав состанок со комесарот Вархеји на кој разговаравме за процесот на проширувањето, прво во однос на скрининг процесот кој веќе е во својата финална фаза и кон подготовката на финалните извештаи, меѓутоа исто така разговаравме и за поврзувањето на земјите од Западен Балкан пред сѐ мислам на дигиталното поврзување коешто е едно од условите за воспоставување на заеднички регионален пазар којшто ќе биде компатибилен со заедничкиот европски пазар за воспоставување на инфраструктура и механизми.

Имав состанок и со претседателката на Европската банка, г-ѓа Рено Басо на која разговаравме конкретно за проектите што се финансирани од страна на ЕБРД во однос на поврзувањето на Коридорот 8 со Албанија, како и на проектите кои се однесуваат на финансирање на енергетските проекти во државата и на интерконекцијата со Грција во однос на гасното поврзување на Северна Македонија.

Во текот на утрешниот ден ќе имам состанок и со потпретседателката на Светска Банка со која ќе разговараме за долгорочниот план кој го имаме со Светска Банка за кој разговаравме во Њу Јорк во однос на финансирањето на проектите во Северна Македонија во наредните 4 години“.

Tags: Берлински процесКовачевскиТирана
Next Post

Битиќи: Со дигитализација овозможуваме полесен, побрз и транспарентен пристап до јавните услуги

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk