Иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготвиме и да ја достигнеме, е заклучокот од работниот состанок со комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји, објави вицепремиерот Бојан Маричиќ од Тирана каде заедно со премиерот Димитар Ковачевски учествуваат на Самитот на лидери на Берлинскиот процес.
Маричиќ истакнува дека кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион.
„Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава. ЕУ веќе има суштински предлози, со таканаречениот план за раст кој вистински ќе ја забрза не само институционалната, туку и економската интеграција. Целта е да го забрзаме проширувањето и до 2030 да успееме сите да ги исполниме обврските, за да го завршиме обединувањето на Европа и да ја обезбедиме нејзината стабилност и развој“, наведува во објавата вицепремиерот Маричиќ.
Поврзано: