ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска на свеченоста за Денот на Командата за операции: оваа команда е столбот на македонската Армија, одбраната ќе продолжи да инвестира во нејзиниот развој

October 16, 2023 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово се обрати на свеченоста по повод 17. Октомври, денот на Командата за операции, најбројната команда во Армијата која во себе ги вклучува сите видови на армиски родови и служби.

Министерката Петровска оваа Команда ја нарече „столбот на нашата Армија“, кој во многупати ги покажа своите квалитети.

„Командата за операции низ сиве овие години ги покажа своите квалитети. Во вашата структура е Лесната пешадиска баталјонска група, нашиот НАТО состав кој интензивно се обучува и се опремува со најнова и најсофистицирана опрема. Припадниците на Армијата кои со своето учество во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија, даваат суштински придонес кон колективната безбедност на НАТО, во најголем дел доаѓаат токму од оваа Команда. Вашите припадници беа упатени и во Словенија, во помош и поддршка на нашите сојузници во справувањето со големите поплави“, рече министерката.

Петровска истакна и дека војниците кои се секогаш и секаде подготвени да им помогнат на граѓаните при елементарни непогоди, доаѓаат токму од единиците кои се во рамките на Командата за операции, што го покажува нејзиното значајно место во одбраната. Додаде дека Министерството продолжува активно да инвестира и во подобри услови и поголема мотивираност на секој армиски припадник.

„Процесот на модернизација и опремување, чии резултати се веќе видливи е процес кој ќе продолжи да се движи со позабрзано темпо. Во буџетот кој е во фаза на планирање за следната година, се издвојуваат 2 проценти од бруто-домашниот производ за одбраната, а една третина ќе биде и понатаму наменета од тој буџет за продолжување на процесот на модернизација. Тоа значи дека можеме со сигурност да кажеме дека Армијата ќе продолжи континуирано да се опремува со нова, модерна и софистицирана воена опрема“, подвлече министерката.

На свеченоста се обрати и командантот на Командата за операции, бригадниот генерал Бесник Емини кој порача дека КО како еден од главните столбови на одбраната во континуитет работи на способностите и вештините на единиците.

„Развојот на човечкиот потенцијал како и подобрувањето на условите за работа се од особено значење и претставуваат главен предуслов за адекватен развој на вооружените сили и главен фокус на лидерите во Армијата“ и додаде дека амбиција на Армијата е во континуитет да се приспособува со цел успешно пресретнување и справување со новите предизвици и закани.

Генералот Емини на војниците им порача да продолжат успешно и со ентузијазам да ги извршуваат обврските и задачите бидејќи само со посветеност, интегритет и храброст ќе придонесат за натамошно градење на ликот на Армијата.

По повод Денот на Командата за операции беа доделени стимулативни мерки, а 1.пешадиски баталјон е прогласен за најдобра единица во Командата.

Денот на Командата за операции, 17. Октомври е денот кога во 1887 година за време на македонското Кресненско востание е формиран првиот воен штаб на воена формација во македонската историја.

Tags: армијаДенот на КомандатаПетровска
Next Post

Ковачевски од Тирана: Самитот на Берлински процес ќе донесе важни договори за регионално поврзување и евроинтеграција на земјите од Западен Балкан

EVN

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk