Шефот на израелските безбедносни служби ја презеде одговорноста за терористичките напади на Хамас.
Највисокиот израелски функционер за домашна безбедност ја презеде денеска одговорноста за нападите на Хамас во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе, објави Ројтерс.
„И покрај низата акции што ги спроведовме, не успеавме да создадеме доволно ефективно предупредување што ќе овозможи нападот да биде спречен. Одговорноста е на мене“, изјави шефот на Шин Бет, Ронан Бар, коментирајќи ги првпат нападите од 7 октомври.
Шин Бет е израелска домашна безбедносна агенција, задолжена за борба против тероризмот.
Во денешната изјава пред Кнесетот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека безбедносните и разузнавачките пропусти што доведоа да биде извршен напад од страна на Хамас ќе бидат истражени од Владата.
Г. Т.