Странците кои живеат во Италија ќе можат да ги користат услугите на државниот здравствен систем доколку платат две илјади евра годишно, соопшти владата во Рим. Таа сума, дел од буџетот на Владата за 2024 година, ќе важи за жителите од земјите надвор од Европската унија, соопшти Министерството за економија.
Неодреден попуст ќе има за оние со легален престој, како и за странски студенти и дадилки. Џордана Палоне од синдикатот Цгил изјави дека реформата би можела да не е согласно италијанскиот Устав, кој гарантира бесплатна медицинска нега за сиромашните, пишува Ројтерс.
„Треба да почекаме и да видиме како ќе се формулира законот, бидејќи начинот на кој тој денес е претставен нема основа во сегашниот систем и законска рамка“, истакна Палоне.
Странските работници, оние кои бараат работа, барателите на азил и малолетниците без придружба во моментов имаат пристап до бесплатна здравствена заштита, исто како и италијанските државјани.
Други странци со дозвола за престој, како што се дипломати и студенти, можат доброволно да се зачленат во здравствено осигурување за различен износ. За студентите тоа изнесува околу 150 евра годишно, а за другите зависи од нивниот годишен приход, па може да достигне и до 2.800 илјади евра.
Италијанската десничарска Влада минатиот месец донесе контроверзна одлука дека мигрантите мора да платат речиси пет илјади евра за да избегнат да бидат притворени додека се обработуваат нивните барања за азил.
Г. Т.