ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Хаос во пропагандните центри: ЦИВИЛ и Дерала одработуваат „за Газа“, „за Израел“, „за Путин“, „за Украина“…

October 17, 2023 10:47
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосен хаос владее во партиско пропагандните центри во однос на израелско-палестинскиот конфликт. Партиските ботови делуваат збунето и некоординирано во однос на нападот против ЦИВИЛ, како организација во целост. Со посебна жестина се бележат ад хоминем напади против Џабир Дерала. Може да се препознае дека нападите врз Дерала имаат цел, освен него лично, да ја дискредитираат и организацијата која тој ја претставува.

Дел од нив шират пропаганда дека организацијата и Дерала обработуваат за Газа и Палестина, други пишуваат сосема спротивно дека обработува за Израел и Нетанјаху, а „најхрабрите“ одат дотаму да пишуваат дека, всушност, обработуваат за Путин и Русија.

Поранешниот „новинар“ Цветин Чилиманов, очигледно сега „вработен“ во некоја „трол-фабрика“ на својот Х профил пишува: „Џабир всушност и помага на Газа така што дрпа колку што може американски грантови. Тие пари барем нема да се потрошат за бомби за Израел. Од друга страна, со грантовите за Цивил можеше да се купат бомби за Украина. Никако не си“.

За разлика од поранешниот „новинар“ Чилиманов, сосема спротивна пропаганда шири поранешниот „левичар“ Дејан Дексо Лутовски, (кој барем формално повеќе не е дел од тесното раководство на Левица), кој шири пропаганда дека ЦИВИЛ и Дерала целосно ги подржуваа Израел и Нетанјаху.

„Се надевам дека кога ИДФ и Нетјанаху ќе делат благодарници и награди, ќе се сетат да оддадат признание на Цивил и Џ. Дерала како најагилна прес служба на ИДФ на Балканскиот полуостров.

Украина и Зеленски го препознаа потенцијалот, мислам дека Израел не треба да заостанува зад демократскиот свет!“ – пишува Лутовски.

Од сите три коментари што ги добил на објавениот ФБ статус во обид да го дискредитира ЦИВИЛ и Дерала, а притоа да шири руска пропаганда, еден од коментарите е на поранешниот член од раководството на Левица, Здравко Савески, кој пишува: „И бесрамно уште ја нарекува организацијата на чие чело е вечен прецедник – Цивил. Дегутантно“.

Откако Апасиев им забрани влез во Левица, бившите „левичари“ макотрпно се обидуваат да бидат забележани во јавноста (макар само на социјалните мрежи) и да си помислат дека се накаков фактор во државата.

„Најхрабро“ во пропагандата настапи самопрогласениот политичар Петар Богојески на социјалните мрежи споделувајќи тотална дезинформација, (да не речеме глупост), дека ЦИВИЛ и Дерала започнаа со „кампања за поддршка на исламски џихад и Хамас… по насоки на руската пропагандна машинерија!“

„Еве како подло работи оваа ИЗМЕЌАРСКА ВЛАСТ и нејзините КУРИРИ предводени од “serala prodaction”, глумат амери, а срцето им е во Москва!

САМО ДА ПОТСЕТАМ, во екипата имаат апсени терористи во обид да влезат во Газа!“, пишува неуспешниот т.н. политичар Богојески.

Во екипата на ЦИВИЛ ниту имало ниту ќе има место за терористи, мразачи, шовинисти, хомофоби, исламофоби, русофили… 

Инаку она што троловите „заборавија“ да напишат дека Џабир Дерала во колумната насловена МАСАКР: Колку мртви и ранети цивили се доволни за одмаздата да биде целосна? меѓу другото пишува:

„Целиот свет е згрозен од нападот на Хамас и го поддржа Израел. Но таа поддршка веќе на самиот почеток од бруталниот одговор на израелската армија почна да слабее, а набрзо и ќе ја изгуби, ако на тероризмот и воените злосторства од Хамас продолжи да одговара со воени злосторства и етничко чистење. (…) Хамас, како и низа други терористички организации, ултрадесничарски и авторитарни политички партии и политичари, недвосмислено и директно се поддржани и спонзорирани од воениот злосторник и диктатор Путин.“

Не е првпат да има тенденциозни и манипулативни објави за ЦИВИЛ и Дерала. Тие траат со години, па и децении. Сепак, изненадува што, и по точку години искуство и интензивна раблта, пропагандните кујни се збунети и некоординирани.

ЦМТ / Цивил Медиа


Мониторинг тимот на ЦИВИЛ (ЦМТ) спроведува мониторинг во повеќе области, а дел од своите наоди ги објавува на медиумската платформа на организацијата.
ЦИВИЛ неодамна го обнови повикот до сите граѓанки и граѓани да ги пријават случаите на дезинформации, говор на омраза и поттикнување на насилство. Со тоа ќе придонесат кон спротивставувањето и справувањето со овие појави.
ЛИНК до формулар за ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk