„Интересни се паралелите меѓу Словенија и Северна Македонија дека и двете имавме билатерални проблеми и притисоци. Словенија имаше билатерални прашања со Италија и Италија на европско ниво ги подигна проблемите што сакаше да ги реши со Словенија“ рече словенечкиот амбасадор во земјава, Грегор Прескер на трибината „Ние сме Европа“ во Охрид.
Тој додаде дека Словенија и Италија тогаш постигнаа тн. шпански компромис и направи паралела со францускиот предлог кој го доби земјава минатата година.
„Целта на Владата и опозицијата во Словенија беше иста, члнество во ЕУ што е можно поскоро. Опозицијата се спротивставуваше на Владата, но и тие работеа за побрзо членство на Словенија во ЕУ“ рече Прескер.
Амбасадорот потенцираше дека важна била соработката меѓу министерствата, стопанските комори и граѓанското општество и дека сите придонеле во преговорите со ЕУ.