ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Визите за Косово се укинуваат на 1 јануари

October 21, 2023 12:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на Европската унија во Косово потврди дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во одговорот до порталот Калѕо (kallxo.com), Канцеларијата на ЕУ укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани го нарече историски момент во односите ЕУ-Косово.

– Визната либерализација за имателите на косовски пасоши ќе стапи на сила од 1 јануари 2024 година. Ова ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат како туристи во ЕУ без визи 90 дена во период од 180 дена, се наведува во одговорот за приштинскиот медиум.

Од таму, исто така, најавија дека персоналот на ЕУ во Косово учествува во информативни активности како дел од кампањата за визна либерализација.

– Ова е важен историски момент во односите меѓу ЕУ и Косово и важен чекор на патот на Косово кон ЕУ. ЕУ во Косово ја започна кампањата „Истражи ја Европа“ за да ги објасни придобивките од визната либерализација, но и одговорностите и ограничувањата. Персоналот на ЕУ во Косово, исто така, учествува во информативни активности во неколку градови низ Косово, како дел од владината кампања за визна либерализација, изјави за Калѕо портпаролката на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Јоана Лахана.

Прашањето за визите за Косово беше дел од дискусијата оваа недела поради изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот во Тирана.

Врз основа на преводот на изјавата на Макрон за време на неговата средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, медиумите во Косово објавија информација дека Франција ја суспендирала визната либерализација за косовските граѓани. Подоцна беше објавено дека преводот не бил соодветен и дека изјавата на Макрон била во смисла дека Приштина треба да ги одржи ветувањата во однос на договорите со Србија, како што Франција го одржала своето ветување за либерализацијата

Tags: визиКосово
Next Post

Се изготвува Законот за сајбер заштита на населението

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk