Граѓаните на Штип со герила акција му го честитаа празникот на нивниот градоначалник Иван Јорданов, но воедно и го прашаа каде е украдената нафта.
Имено, шоферот на градоначалникот Јорданов е осомничен за кражба на нафта од институциите на локалната самоуправа.
„Каде е нафтата градоначалниче Иван Јорданов? Среќен ден на ВМРО #Криминалци“ стои на истакнатиот транспарент поставен на мост во Штип.
Користејќи го овој начин на искажување на незадоволство, граѓаните на Штип повикуваат на одговорност и на истражување на криминалите.
Д. Е.