ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска и Алиу: Донаторската поддршка е клучна за ефективна дигитална трансформација која ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните

October 25, 2023 12:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, организираа конференција на донатори за дигитална трансформација, на која се дискутираше за приоритетите и предизвиците на патот кон дигитализирано општество и економија. Конференцијата следи по минатогодишната средба со донаторската заедница, на која беше постигната согласност околу потребата за координирање на проектите, со цел да се избегне нивно преклопување и да се зголеми ефективноста.

Вицепремиерката Грковска упати благодарност за доставените листи со донаторски проекти, кои придонесуваат за колективно обликување на дигиталниот пејзаж во Северна Македонија. „Придонесот на донаторите е од непроценливо значење, а нивната поддршка е клучна во придвижувањето на дигиталната трансформација на општеството“, истакна вицепремиерката Грковска и нагласи дека напорите за дигитализација на јавните услуги целат кон ефикасно исполнување на потребите и очекувањата на нашите граѓани, согласно принципите на добро управување.

Министерот Алиу во своето обраќање изрази уверување дека дигиталната трансформација е одлична можност за нашата земја да ја зголеми конкуренцијата, да воведе иновации и да го подобри квалитетот на живеење. „Оваа конференција доаѓа во важен момент, каде што сите земји се соочуваат со големи предизвици и можности да ги унапредат и трансформираат општествата преку технологија и иновации.

Додека светот доживува длабоки технолошки промени, наша должност е најдобро да ги искористиме овие можности за подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани“, рече министерот Алиу.На настанот беа презентирани тековните активности и идни планови на МИОА насочени кон реализација на главната цел за целосно дигитализирана јавна администрација. Исто така, беа споделени информации и околу напорите за координација на донаторите воспоставени од Секретаријатот за европски прашања.

На конференцијата учествуваа претставници на Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на САД, Обединетото Кралство,  Швајцарија, Словенија, Грција и Романија, како и претставници на УНДП, УСАИД и Германското друштво за меѓународна соработка

Tags: АлиуГрковскадонатори за дигитална трансформација
Next Post

Болницата Шифа во Газа ќе стане масовна гробница ако остане без струја

Shortcut

Најново

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk