ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи на панел за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Северна Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

October 25, 2023 20:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ги отвори вратите за околу 800 бегалци од Авганистан, силно демонстрирајќи солидарност и одговорност кога тоа беше најпотребно, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната панел дискусија насловена “Поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан”, во организација на Националниот демократски институт.

Во својот говор, како што соопшти МНР, министерот Османи изрази задоволство од успешно завршената мисија за привремено сместување на загрозените лица од Авганистан, кои ја напуштија Северна Македонија и се упатија кон земјите од нивната конечна дестинација.

-Во тоа тешко време, целосно ја разбравме потребата да ги засилиме нашите напори за да им помогнеме на луѓето кои работеа за мир во таа земја во изминатите 20 години. Стануваше збор за вработени, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарни и мировни мисии, активисти од организации за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, научници, како и граѓани кои ги поддржуваа силите на НАТО во Авганистан во изминатите 20 години, вклучително и нашата армија, рече Османи.

Воедно, шефот на дипломатијата потсети дека државата како кредибилен НАТО сојузник обезбеди привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, кои беа сместени во базата „Бехтел“, во Косово, а кои претходно беа ангажирани од страна на Алијансата за време на мисијата во Авганистан.

-Придонесовме да се ослободат силите на НАТО ангажирани во базата “Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина. И оваа мисија успешно ја завршивме. Сите Авганистанци поврзани со НАТО ја напуштија земјава и се наоѓаат во земјите на нивна крајна дестинација, истакна Османи додавајќи дека учеството во оваа операција беше исклучително искуство за постигнување на посакуваната интероперабилност, што ни помогна денес да стоиме еднакво рамо до рамо со нашите НАТО сојузници во различни мисии за заштита на нашите вредности и норми.

Говорејќи за солидарноста и нашиот активен придонес кон заедничките напори на меѓународната заедница во справувањето со кризни ситуации, Османи се осврна и на нашето претседавање со ОБСЕ во чиј фокус се луѓето. Во таа смисла, нагласи дека човековата безбедност, вклучително и заштитата на цивилите и ублажувањето на цивилната штета, мора да има централно место во нашите заложби, стои во соопштението. 

Tags: АвганистанбранителиНАТООсмани
Next Post

„Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст“, вели Нетанјаху, предупредувајќи дека земјата „се подготвува“ за копнен напад

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk